Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

den evropa zbogar09.05.2018  Општина Кочани и ЕУ-инфо точката и годинава го одбележаа 9 Мај, Денот на Европската Унија.

Преку традиционални јадења и обележја карактеристични за државата што ја претставуваат, учениците од основните и средните училишта од Кочани ги претставија земјите членки на ЕУ.

Штандовите на сите училишта беа доста креативни и учениците автентично ги претставија државите Холандија, Германија, Чешка, Бугарија, Ирска, Полска и Финска.

Штандовите ги посети и евроамбасадорот во Република Македонија, Самуел Жбогар и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.

Во културно-уметничкиот дел на програмата настапи хорот на ОУ „Свети Кирил и Методиј“, училишниритмички состави и популарната рок-група „Шекспир“.

Дел од програмата беше и ликовниот перформанс во кој се вклучени членовите на Училиштето за цртање и сликање под менторство на Александра Димитрова, кои сликаа мотиви од земји членки на ЕУ.

Денот на Европа се слави во спомен на 9 мај 1950 година кога францускиот мислител Роберт Шуман еден од основачите на ЕУ во Декларацијата ја изложил својата визија за обединет континент.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

25°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 44%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник7°C/31°C
Вторник4°C/19°C
Среда3°C/18°C
Четврток6°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 156 гости и нема членови


web counter



qr code