Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

tim robotika kocani09.05.2018  Тимот по роботика од Кочани кој патуваше на меѓународниот натпревар во Детроит, се врати дома со огромeн успех.

Не само поради солидниот пласман меѓу најдобрите екипи од целиот свет и искуството што го стекнаа таму, туку и поради согласноста конечно и во Макеоднија да се формира лига за роботика, во која ќе се вклучат нашите училишта.

Градоначалникот Илијев ги прими учениците и нивните ментори, кои детално го запознаа со учеството на натпреварот во Америка, но и за импресиите и новините што ги осознале таму. Тој им честиташе на успехот и рече дека Општина Кочани и понатаму ќе дава поддршка за реализирање на идеите за формирање на лигата, за која интерес покажале четири училишта од нашата општина.

- Со идеите што ми ги пренсеоа ни даваат шанса и ние како локална самоуправа да размислуваме и во буџетите да креираме ставки со кои ќе можеме вакви и слични манифестации да поддржуваме во иднина. Радува фактот што го слушнав и од менторите дека успеале оваа година да формираат и лига во Македонија, значи како што разбрав во иднина ако успееме на овие регионални натпреварувања и на меѓународни натпревари ќе можеме да се натпреваруваме и под наше знаме, што е секако еден голем напредок, огромен успех и е за поздравување, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Успех на нашиот тим по роботика не е само пласманот меѓу најдобрите 30 екипи, туку и договорот да се формира лига, со што Македонија нема да ја претставуваат наши екипи под знамињата на други држави, рече менторот на тимот Гордан Анастасов.

- Бевме во првата четвртина, значи од 107 тима се пласиравме на 23 место, воедно сакам да се заблагодарам на сите поддржувачи кои што дадоа се од себе, значи на Општината, Ротари клубот со кој што почна сета оваа приказна, потоа Фондот за иновации, стопанственици кои ни излегоа пресрет за сето ова да моќеме да го реализираме и да отпатуваме во Америка на натпреварот, каде го претставувавме прво нашиот град, нашата држава. Резултатите мидлам дека импресионираат, за толку карток период постигнавме огромни резултати, и исто како што спомена и градоначалникот, еден од најголемите успеси е што успеавме конечно да го потпишеме договорот за да ја добиеме лиценцата и ние во Македонија да организираме наша лига, наместо да настапуваме под други држави, рече Гордан Анастасов, ментор на тимот по роботика.

Учениците кои учествуваа на меѓународниот натпревар во Детроит, се уште полни со импресии од престојот таму рекоа дека тоа е огромно искуство за нив и поттик да продолжат со ист интензитет.

- Ние си поминавме извонредно  и сме фацинирани од се што видовме таму, ова искуство кај нас зрачи една огромна инспирација запонатаму да продолжиме да се трудиме, да работиме и најмногу од се да истражуваме се околу нас, рече Мими Војновска, член на тимот по роботика.

Бидејќи нашата држава досега немаше своја лига, кочанските ученици настапуваа под знамето на Србија, каде претходно го освоија првото место во First Lego лигата, а победија и на регионалниот Адриа натпревар по роботика во Словенија.

Нивното учество на натпреварот и престојот во Детроит го помогнаа Фондот за иновации на Република Македонија, Општина Кочани, локалниот бизнис сектор, како и нашите иселеници во САД.

T. Aјтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 41%
Ветер: North при 56 kmh
Вторник4°C/19°C
Среда4°C/18°C
Четврток4°C/21°C
Петок9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 113 гости и нема членови


web counter



qr code