Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ucenici malina209.05.2018  На државниот натпревар по географија што се одржа во Скопје, ученикот Леонид Паунов од ОУ „Малина Попиванова“ ја освои првата награда. Упорно и вредно работеше под менторство на наставникот Драги Рашков и успеа да биде најдобар во државата.

- На државниот натпревар по географија што се одржа во Скопје во конкуренција од голем број училишта од државата го освоив првото место. Ова е голем успех за мене и се надевам дека и понатаму ќе редам успеси. Се подготвував под менторство на наставникот Драги Рашков, рече Леонид Паунов, ученик во ОУ „Малина Попиванова“.

-Гордост ми е што нашите ученици се пласираа на државен натпревар и освоија високи места и се надевам дека и во иднина ќе постигнат високи резултати. Учениците кои се деветто одделение им посакувам и понатаму во средно да редат успеси. Му честитам на мојот ученик Леонид Паунов за гокемиот успех, рече Драги Рашков, директор на ОУ „Малина Попиванова“.

На државниот натпревар по математика пак што се одржа на Машинскиот факултет во Скопје трети награди учениците освоија учениците Теодора Санева и Даниел Димитровски кои што си обезбедија и пласман за учество на јуниорската математичка олимпијада , Љубомир Игнатов пак доби пофалница за постигнатиот резултат.

-Учествував на државниот натпревар по математика што се одржа на Машинскиот факултет во Скопје и ја освоив третата награда со што се пласирав да учествувам на Јуниорска Македонска Математичка Олимпијада. Се подготвував под менторство на наставничката Лилјана Цветанова, рече ТеодораСанева, ученичка во ОУ „Малина Попиванова“

-На државниот натпревар по математика го освоив третото место и јас се здобив со пласман за учество на олимпијадата. Се подготвував под менторство на наставничката Милена Серафимова. Се надевам на успех и на Олимпијадата, рече Даниел Димитровски, ученик во ОУ „Малина Попиванова“.

-На државниот натпревар по математика бев пофален а со оглед на тоа што сум шесто одделение се надевам на поголеми успси во иднина, рече Љубомир Игнатов, ученик во ОУ „Малина Попиванова“

Со вакви успеси учениците од ова училиште ќе продолжат и во иднина а со тоа и да освојуваат награди на државни и меѓународни натпревари.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

18°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 68%
Ветер: Variable при 2 kmh
Вторник4°C/19°C
Среда3°C/18°C
Четврток4°C/21°C
Петок8°C/24°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 139 гости и нема членови


web counter



qr code