Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kuce otroveno210.05.2018  Уште два случаи на затруени кучиња во Кочани овој пат кај паркот во населбата Калиманова глава.

Реакцијата и фотографиите стигнаа до Канал 8 од граѓани кои што секојдневно ги среќавале овие две кучиња околу паркот и за кој велат дека биле мирни и не правеле никаков проблем, сега ги затекнуваат отровени и оставени, токму во простор каде што секојдневно има голема фреквенција на деца кои што ги користат реквизитите и си играат.

Граѓаните посебно родителите на чии децата што си играат во овој парк се загрижени од постапката на несовесните луѓе кои што ги отруле кучињата, бидејќи на тој начин го ставаат во опасност и здравјето на нивните деца. Затоа упатуваат апел и молат повеќе да не се прави вака на кутрите животни, а со тоа да не се загрозува безбедноста на децата кои безгрижно си играат во паркот.

Инаку, ова не е прв случај на затруени кучиња во градот. Неодамна Канал 8 регистрираше и други кучиња скитници кои мртви лежеа на разни делови од градот, а за што реагираше и Здружението за заштита на животните „Втора шанса“ од Кочани.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

29°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 35%
Ветер: NNW при 15 kmh
Четврток16°C/26°C
Петок15°C/29°C
Сабота17°C/32°C
Недела18°C/34°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 154 гости и нема членови


web counter



qr code