Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

gimnazija futsal10.05.2018  Трето место и пехар освои екипата на СОУ „Љупчо Сантов“ на Државната училишна футсал лига за средни училишта што се одржа во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Девојчињата и нивната менторка Весна Стојановска се вратија задоволни од постигнатиот резултат бидејќи се натпреваруваа во силна конкуреција со фискултурни училишта и играа со веќе изградени спортисти.

-Во оваа прилика би сакала да нагласам дека во футсал го освоивме третото место на државно ниво а се натпреваруваат во лига систем каде што се играат турнири каде што секој игра со секој. Оваа година натпреварите во лига системот започнаа уште во октомври и имаше два турнира од кои што првиот се одигра во Струмица а вториот во Македонска Каменица. Учество земаа 4 екипи и ние се изборивме за пласман на државната лига каде што учество земаа Средното фискултурно училиште „Методи Митевски Брицо“ од Скопје, СОУ „Васил Антовски Дрен“ од Скопје и СОУ „Никола Карев“ од Струмица. Се соочивме со силна конкуренција сепак едно е фискултурно училиште но и останатаите две беа со добри избрани спортисти кои што покажаа добра игра и фер плеј. Беше напорно играа по три натпревари и се изборивме за третото место. Чест ми е и горда сум на ученичките што дадоа се од себе што и има силна волја и се натпреваруваа до последен момент и не се предадоа, рече Весна Стојановска, ментор

-Постигнатиот успех за нас претставува поттик за уште поголема работа и труд во иднина како и за освојување на првото место, рече Ана Ѓорѓиева, капитен на екипата.

Инаку, СОУ „Љупчо Сантов“ има формирано спортски клуб во кој што функционираат повеќе спортови како што се ракомет, кошарка, футсал, пинг понг, карате, односно ги застапува сите талентирани ученици кои што сакаат да се натпреваруваат афирмирајќи го спортот воопшто.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

22°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: East при 9 kmh
Четврток13°C/23°C
Петок13°C/27°C
Сабота14°C/28°C
Недела13°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 139 гости и нема членови


web counter



qr code