Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

poribuvanje gratce11.05.2018  Членовите на спортско риболовното здружение “Кочански рибар“ извршија уште едно порибување на акумулацијата Гратче, при што беа пуштени примероци од крупен крап.

Ова е петта акција за збогатување на рибниот фонд откако Здружението ја презеде концесијата за браната, со што тоа го продолжува своето успешно работење и остварување на законските обврски.

Рибата е набавена од сертифициран рибник и репроцентар од Неготино со кој и досега кочанските рибболовци имаа успешна соработка. Притоа потрошени се околу 70 илјади денари, сопствени средства собрани од членарина, од продажба на риболовни дозволи и од други извори.

- Целта на самото риболовно здружение е збогатување на рибниот фонд во акумулацијата, а тоа воедно е и афирмација на рекреативниот риболов, односно како спорт во нашата општина. Порибуваме со 300 килограми крап со тежина од 1,5 до 2 килограма по примерок. Да ја искористам можноста да кажам дека постои веќе забрана на акумулацијата Гратче што трае од 5 мај до 5 јуни, во тој период нема да се лови, односно има ловостој, рече Димитар Димитров, претседател на Спортско риболовно здружение „Кочански рибар“.

Димитров ги потсети риболовците дека и по завршувањето на забраната останува законската обврска да не се ловат примероци со тежина над 5 килограми, туку задолжително да се враќаат во водата, што барем до сега се почитувало.

Од Здружението “Кочански рибар“планираат да извршат уште едно порибување со покрупни примероци, но и со подмладок на крап.

- Ќе имаме наесен уште едно порибување, законската обврска која што ја имаме какко концесионери, а то амислиме да го направиме кога ќе го организираме и натпреварот што како традиција ќе стане. Мислиме на овој натревар да бидат поканети и риболовни здруженија од други градови, па да извршиме еден вид промоција на самата акумулација и ние како риболовно здружение да организираме еден таков натпревар, додаде Димитров.

Интересот за риболов на браната Гратче е голем и досега се издадени над 100 годишни дозволи, а дополнително се продаваат и дневни дозволи.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

5°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: NE при 11 kmh
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела-1°C/9°C
Понеделник-1°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 103 гости и нема членови


web counter



qr code