Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

baraki vremeni14.05.2018  Општина Кочани започна акција за отстранување на триесетина времено поставени објекти на јавните површини во централното градско подрачје.

Се работи за трговски киосци и монтажни бараки за занаетчиски услуги што се наоѓаат спорти поранешниот хотел “Центар“, потоа во населбата Усова Чешма, на патот кон Пониква во близина на Болницата и на неколку други локации.

За сите нив пред неколку децении била издададена дозвола за времено поставување, но веќе со години не се во функција, се распаѓаат и ја нагрдуваат околината. Дел од нив се поставени и на тротоари, со што ја загрозуваат безбедноста и го отежнуваат движењето на пешаците.

Од општинската комунална инспекција рекоа дека до сопствениците на сите времени објекти биле испратени писмени известувања со барање сами да ги отстранат. Дел од нив го почитувале предупредувањето, а рокот во кој треба да се ослободи просторот е до крајот на овој месец. Потоа инспекцијата ќе биде принудена да ангажира екипи за рушење, а трошоците за тоа ќе бидат на сметка на сопствениците.

Слична акција за отстранување на бараките имаше пред околу една година, при што беа расчистени најголем дел од јавните површини. Тогаш беше опфатен поросторот кај Болницата, во близина на панаѓурот, во населбата Усова Чешма и на други места. Со расчистувањто се овозможи да се прошират постојните тротоарски површини.

Од Општина Кочани најавуваат дека на просторот каде што сега лоцирани времените објекти ќе се направи хортикултурно уредување, а се планира да се планира да се постават клупи и мали фонтани.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

5°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: NE при 11 kmh
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела-1°C/9°C
Понеделник-1°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 125 гости и нема членови


web counter



qr code