Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

nido globa tekstile14.05.2018  Фирмата „Нидо глобал текстиле“ од Кочани го прослави својот 5-годишен јубилеј. Пет години упорна работа и труд која што на крајот се исплатува, благодарение на креативните и способни менаџери кои што ја раководат фирмата на најдобар можен начин.

Станува збор за холандска инвестиција за произвдоство на навлаки за мебел, а своето пет годишно постоење го прослави “На дабот“ кај селото Бели каде што присуствуваа сите вработени како и најблиските на менаџерите и нивните соработници.

На свеченоста присуствуваше и сопственикот холанѓанецот Рудолф Ван Еден кој што беше изненаден од целата организација на менаџерите Сања и Кире Ѓорѓиевски кои се потрудиле овој значаен јубилеј да го одбележат на достоен начин. Освен што јавно се заблагодарија едни на други за досегашаната доверба и соработка тие меѓусебно си разменија и подароци.

Сопственикот Рудолф Ван Еден истакна дека чест и задоволство му е што има вакви менаџери што фирмата ја водат кон брз развој, а се препознава квалитетот и посветеноста во работењето. Менаџерите Сања и Кире Ѓорѓиевски исто така му зе заблагодарија на сопственикот за досегашната дадена доверба тие да ја менаџираат фирмата.

-Ние денес одбележуваме 5 години од постоењето на нашата фирма. Пред 5 години започнавме со многу мал број на луѓе, а сега достигнавмедо 62 вработени. Горди сме на нашето постоење. Овие 5 години можеби е мала бројка, но за нас се многу значајни и сакаме да напредуваме во нашата работа и да одбележиме и 50 години постоење. Нашата фирма е холандска инвестиција чиј што сопственик е Рудолф Ван Еден од Холандија. Ние шиеме навлаки и прекривачи за маси и столови најмногу за извоз. Холанѓаните инвестираа тука бидејќи ние сме вреден и љубезен народ и ќе се трудиме да бидеме уште поуспешни, рече Сања Ѓорѓиевска, менаџер на „Нидо глобал текстиле“.

Менаџерите Ѓорѓиевски се потрудиле пет годишниот јубилеј да го одбележат на креативен и интересен начин со забава како за возрасните така и за децата со кловнови и реквизити за игра на најмалите како и лотарија со награди. Музика во живо, со ора и песни, караоке, кетеринг услуга се славаше во прекрасната природа, а вистинско изненадување беа и фолклористите од КУД „Руен“ од Кочани кои што пред присутните изведоа не само препизнатливи ора и песни од Осоговскиот крај, туку и обичај т.н погагија на кој што никој не остана рамнодушен.

На крај сопствениците и менаџерите на раководителот на КУД „Руен“, Тихомир Алексов за досегашната искрена соработка во изминативе 5 години му врачи вредносен бон од 500 евра. КУД „Руен“ средствата ќе ги искористи за патување и турнеја а со тоа и претставување на македонскиот фолкор во странство, со ветување дека ќе патуваат и ќе остварат заедничка турнеја и со менаџерите на „Нидо глобал текстите“ со цел да можат да ги претстават своите производи и на пазарите ширум светот.

Забавата за одбележување на јубилејот продолжи до доцните попладневни часови со музика, песна ора и заедничко дружење, така што т.н семеен ден   претставуваше освежување за сите вработени и присутни.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

5°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: NE при 11 kmh
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела-1°C/9°C
Понеделник-1°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 121 гости и нема членови


web counter



qr code