Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

karate medali14.05.2018  Во организација на Карате Клубот „Солидарност“ во Скопје се одржа 18-от Меѓународен карате турнир „Солидарност oпен 2018“.

На турнирот зедоа учество повеќе од 500 каратисти од Македонија, Србија и Црна Гора. Кочанското карате се претстави со 11 каратисти, од кои 5 од КК „Партизан“ и 6 од КК „Кочани“. Три златни и еден сребрен медал освоија каратистите на „Партизан“, а едно сребро и четири бронзи каратистите на „Кочани“.

Златни медали кај КК „Партизан“ освоија:Горги Петров во категорија кадети до 57 килограми, Благоја Тасески – (2005) до 40 килограми, Филип Стојанов (2007) до 40 килограми, а сребрениот го освои Антонија Стојанова (2005) до 49 килограми.

 Кристијан Грозданов  кој настапи во категоријата кадети до 52 килограми остана без пласман бидејќи поради повреда на ногата не можеше да го продолжи турнирот.

Кај КК „Кочани“ сребрениот медал го освои Надица Наунова (2007) до 40 килограми, а бронзените Натали Веселиновска – кадети +54 килограми. Љубомир Давитков – јуниори до 76 килограми, Иван Арсов (2007) до 45 килограми и Илија Охомуш (2007) до 40 килограми.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

25°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 44%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник7°C/31°C
Вторник4°C/20°C
Среда3°C/18°C
Четврток4°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 115 гости и нема членови


web counter



qr code