Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

mladinska grupa15.05.2018  Прва редовна средба на младинската акциона група од Кочани се одржа во СОУ „Љупчо Сантов“. Истата е дел од грантот „Младите успеваат заедно“ имплементиран од Центарот за култура, комуникација и едукација на ромите „Светла иднина“ од Кочани, а поддржан од проектот на УСАИД за Граѓанско учество.

На средбата на која присуствуваа претставници од формални и неформални младински организации од општина Кочани се дискутираше за сегашната состојба на младинскиот активизам од гледна точка на младите колку се истите активни во креирањето на младински политики.

-Целта на проектот и на активноста е да се направи едно неформално тело каде што ќе се зборува за проблемите со кои што се соочуваат младите во општина Кочани. Искуството од другите градови каде што веќе постои младинска акциона група е позитивно и прво треба да формираме неформално тело а потоа со заеднички активности со општината ќе работиме на решавање на проблемите со кои што се соочуваат младите, рече Мануела Саидова, координатор на проектот.

Пред оваа средба, беше одржана конститутивна средба на која што беа номинирани претставници кои што активно ќе учествуваат во реализацијата на проектот и во нивните активности во младинската акциона група која има за цел да се посвети кон јакнење на младинскиот активизам во Кочани и да предлага мерки и политики насочени кон промовирање на проблемите и потребите на младите пред надлежните локални институции.

Во рамките на проектот предвидени се осум вакви средби на младинската акциона група.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

5°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: NE при 11 kmh
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела-1°C/9°C
Понеделник-1°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 139 гости и нема членови


web counter



qr code