Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

orkestar gimanzija15.05.2018  Први на регионално, но и на државно ниво. Мешаниот оркестар составен од ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ го освоија првото место на државниот натпревар за хорови и оркестри што се одржа во Валандово.

Во силна конкуренција од најдобрите оркестри од државата, кочанските ученици беа најдобри.

- Во месец април во Кочани се одржа регионалниот натпревар на хорови и оркестри каде што ние го земавме првото место со 99 бодови и обезбедивме пласман за учество на државен натпревар. На државниот натпревар што се одржа во неделата во Валанадово ние го освоивме првото место во категорија мешан оркестар со 97 бодови. Се претставивме со две композиции една народна „За појас“ и другата уметничка темата од филмот „Кум“. Многу сме задоволни од нашиот успех и лани исто така го освоивме првото место, се надеваме дека и ќе продолжиме така. Работевме под менторство на професорите Тодор и Љубиша Филипови. Оркестарот се состои од гитари, флејти, тарабука, тапан и труба, истакна Елена Борисова, ученичка на СОУ „Љупчо Сантов“.

Како да не се биде горд на вакви прекрасни ученици, истакна нивниот ментор професорот Тодор Филипов.

- Како не би биле горди на вакви ученици, честитки до нив тие се нај заслужни за наградата и успехот. Благодарност до директорот од кого ја имаме поддршката, до вас медиумите што го претставувате нашиот успех. Оваа година државниот натпревар се одржа во Домот на културата во Валандово. Право на учество имаа сите средни училишта во државата што се пласирале за учество на државниот натпревар што значи се боревме во силна конкуренција. Имаше три категории на оркестри - мешан оркестар каде што ние ја освоивме првата награда, категорија бендови и мандолински оркестри, рече Тодор Филипов, ментор.

Овој успех за учениците претставува поголем мотив и поттик за уште поголема работа и труд во иднина и освојување награди и признанија.

Т. Велкова

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

25°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 44%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник7°C/31°C
Вторник4°C/19°C
Среда3°C/18°C
Четврток6°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 140 гости и нема членови


web counter



qr code