Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

nivi oriz201816.05.2018  Околу 1000 хектари плодно земјоделско земјиште во Кочанската Котлина годинава наместо да се засеат со ориз, може да останат необработени и да ги прекрие трева и трска.

Тоа е скоро една третина од вкупно планираните површини за сеидба со главната земјоделска култура во регионот, што според сегашните откупни цени на белиот ориз, ќе значи чиста загуба од половина милион евра.

Таква е математиката што ја прават земјоделците кои, споредувајќи ги производните трошоци со остварениот приход, доаѓаат до заклучок дека одгледувањето ориз им носи чиста загуба.

- Нема, оризот е жива катастрофа, 13 денари е килограм арпа, а еден килограм бел ориз е 30 денари. Не можеме да врземе крај со крај. Не ми се сее, не сакам ни да помислам за оризот сега, нема цена, мака е, ова е само голема мака за земјоделците, не останува ништо, рече Коце Николов, земјоделец од Уларци.

-За цената е катастрофално, значи не можеме да се вклопиме никако на тоа што е дадено со она што треба да остане, како остаток го нема. Да извадиш и 500 или 600 килограми од декар, кога ќе падне цената на 12-13 денари, и пченицата да е толку не бива, а не оризот. Нека му ја мислат тие што треба да го извезуваат и што треба да го преработуваат, рече Илчо Стоилов, земјоделец од Облешево.

Проценки на земјоделците се дека во кочанскиот регион веќе со години не се сее ориз на над 10 отсто земјиштето од прва категорија. Нивите се запустени и обраснати со плевел, поради што скапо и тешко ќе биде нивното повторно ставање во функција. Затоа најавите за зголемување на нивите под ориз што ќе се наводнуваат и за враќање на површините што се сееја пред неколку децении, на оризопроизводителите им изгледаат преоптимистички и реално неостварливи.

Дел од нив веќе се преориентирале на пипер, грав и други земјоделски култури чие производство има економска оправданост и им носи некаков приход. Со трошоците за производство и откупните цени на оризот што се актуелни на пазарот, реално е да се очекува да расте бројот на нивите што ќе претвораат во угар и мочуришта.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

5°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: NE при 11 kmh
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела-1°C/9°C
Понеделник-1°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 81 гости и нема членови


web counter



qr code