16.05.2018 Ново кадровско решение на раководната позиција деновиве доби и регионалната подружница на Македонска пошта во Кочани. На местото директор е назначен Ванчо Митев, професор по физичка култура од Зрновци.
До пред доаѓањето на оваа функција, Митев работел како наставник во ОУ „Синиша Стоилов“ во Зрновци и во приватна компанија, а се занамивал и со приватен бизнис.
На последните локани избори што се одржаа во октомври минатата година, тој беше кандидат за градоначалник на Општина Зрновци, предложен од коалицијата што ја предводеше СДСМ.
Во краткиот телефонски разговор за Канал 8, Митев истакна дека раководната позиција во подружницата на Поштата во Кочани за него е предизвик, но и обврска да ги покаже своите организаторски способности. Очекува добра соработка со сите вработени и исполнување на зацратните задачи и активности во наредниот период.