Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

japonska ambasadorka vinica16.05.2018  Јапонските графики од т.н. Лебдечки свет ја зачнаа првичната соработка на општина Виница со jапонската амбасадорка Ханада.

Како почесен гостин во рамките на отварањето на изложбата на УКИЈОЕ уметници во организација на музеј “Теракота“, амбасадорката имаше официјална средба со градоначалникот Димитров.

- Се запознавме со културата на Јапонија, разговаравме за аплицираните проекти, за реконструкција на кровот во ОУ “Никола Парапунов“, за ОУ “Гоце Делчев“, ние ќе аплицираме како Oпштина и се надевам ќе добиеме поддршка, рече Ивица Димитров, градоначалник на Oпштина Виница.

Посетата на Виничко Кале и ја раскажа приказната и историјата на овој град, кој за првпат се најде во нејзината агенда, но ќе направи одлична промоција за јапонските туристи.

- Како што можев да чујам и да видам вие сте едни од поголемите производители на нашата главна храна – оризот и тука веќе ја гледам нашата поврзаност и близина. Со вашиот градоначалник разговаравме за нашата соработка, за идните проекти во интерес на граѓаните. Во Виница има што да се види, се надевам дека јапонски туристи ќе го посетат вашиот град, а да се надевам и дека луѓе од Виница ќе ја посетат Јапонија, рече КеикоХанада, амбасадорка на Јапонија.

Во интерес на продлабочување на идната соработка, во музејот “Теракота“ градоначалникот Димитров на амбасадорката и врачи копија од теракотните икони и примерок од виничката монографија.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

22°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: East при 9 kmh
Четврток13°C/23°C
Петок13°C/27°C
Сабота14°C/28°C
Недела13°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 172 гости и нема членови


web counter



qr code