Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

majski cvet201816.05.2018  Библиотеката „Искра“ во Кочани беше домаќин на 44. Детски поетски фестивал „Мајски цвет“ што се организираше во соработка со ЛК „Копнеж“.

На фестивалот учество земаа 11 училишта и 6 библиотеки од Македонија, така што пристигнаа вкупно 33 творби од кои според пропозициите на Фестивалот во конкуренција влегоа сите 33 творби.

Учествaа училишта од Кочани, Оризари, Зрновци, Чешиново, Соколарци, Облешево, Штип, Лозово, Крива Паланка и Скопје. Од библиотеки учествуваа установи заедно со нивните литературни клубови од Пехчево, Делчево, Виница, Радовиш, Свети Николе, Пробиштип, Велес, Струмица, Куманово и Лозово.

Од пристигнатите творби првата награда или Гран при „Димитар Гогов“ на доби Теона Грубанска ученичка од ОУ „Методи Митевски - Брицо“ од Лозово чиј ментор е Ленче Китанова за песната „Домот во срцето мое“. Втората награда и припадна на ученичката Марија Николова од ОУ „Страшо Пинџур“ с. Соколарци, Чешиново - Облешево за песната „Среќа“ под менторство на Тодорка Стоименова. Трета награда освои Мартина Пулковска од ОУ „Никола Карев“ Кочани под менторство на Гордана Јефтимова за песната „Мечти без граница“.

-Далечната 1974 година е одржан првиот фестивал „Мајски цвет“ во библиотеката „Искра“ а еден од иницијаторите за негово одржување е нашиот долгогодишен колега а член на Друштвото на писателите Димитар Гогов по кого е насловена гран при или првата награда на фестивалот. Овој фестивал на детска поезија во целост го исполнува културното живееење на општина Кочани и стана културен бренд на библиотеката и на самата општина, рече Илија Захариев, виш библиотекар.

Пофалени творби се на учениците Анастасија Јефтимова од ОУ „Синиша Стоилов“ Зрновци, Михаела Стојанова од ОУ „Раде Кратовче“ Кочани, и Јована Балуловска од ОУ „Живко Брајковски“ од општина Бутел Скопје.

Благодарници добија од категорија најдобар ментор доби Ленче Китанова, професор по македонбски јазик во ОУ „Методи Митевски - Брицо во Лозово, од категорија училишта доби ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Кочани, и од категорија библиотеки доби библиотеката „Браќа Миладиновци“ од Радовиш.

Пофалница за најдобра интерпретација на сопствената творба и беше доделена на Михаела Костовска ученичка во ОУ „Ванчо Китанов“ Пехчево, под менторство на Габриела Костадинова.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

22°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: East при 9 kmh
Четврток13°C/23°C
Петок13°C/27°C
Сабота14°C/28°C
Недела13°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 176 гости и нема членови


web counter



qr code