Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

e-tvining-programa16.05.2018  Во СОУ „Љупчо Сантов“ беше презентирана Е-твининг платформата која што е наменета за основни, средни училишта и градинки и која што нуди можност за вмрежување со други училишта од европски земји. Презентација на сработеното имаше и Е-твининг амбасадорката и професорка во Гимназијата, Весна Кушевска.

-Придобивките се дека има можност за професионален развој, односно има online семинари ко што се бесплатни. Обично тоа се настани кои што се одржуваат во попладневните часови и наставникот се приклучува преку компјутер и слушалки си го следи настанот и така добива сертификати. Има ИКТ алатки кои што можат да ги научат и можат да ги применуват на часовите и главното е правење на партнерски проекти заедно со наставници и ученици од други европски земји, како и национални проекти со наставници од земјава, за што добиваат и сертификати и можат да си споделат искуства со наставници од училишта од европски земји, рече Мила Протуѓер - Анастасова, Е - твининг координатор.

Учениците ја прифатија Е-твининг платформата и сакаат да учествуваат.

-Како и сите проекти во кои што учествуваме ние учениците така учествуваме и во проектот Е Твининг платформата која што во нашиот живот претставува еден голем плус со кој што не би можеле да се стекнем во нашето формално образование. Од оваа програма имаме и придобивки кои би ни помогнале а не можеме да ги најдеме во образованието на пример разменуваме информации со помош на Е - Твининг со чија помош контактираме и со другарчиња од различни територии. Нашата професорка Весна Кушевска оваа година е избрана за Е - Твининг амбасадор а денеска во нашето училиште има и претставници од Националната агенција од Скопје, рече Јована Јангеловска, учесник во Е - Твининг платформата.

Е-Твининг работилниците се во организација на националниот сервис за поддршка на Република Македонија во рамките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и е-Твининг.

Преку различни работилници, се споделуват искуства и можности од повеќе земји, а присутните имаат можност да ги осознаат најновите искуства во образованието, но и можностите за обуката и младинската работа, да добијат основни информации за начинот на кој можат да се вклучат и да ги искористат поволностите што ги нуди програмата. Е-Твининг семинарот е дел од Еразмус плус програмата во чии рамки се организираат низа активности во повеќе градови во Република Македонија во насока на што поголемо промовирање на можностите и програмите за доедукација, волонтерска работа и стекнување практични работни искуства во земјите од Европската Унија.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

22°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: East при 9 kmh
Четврток13°C/23°C
Петок13°C/27°C
Сабота14°C/28°C
Недела13°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 172 гости и нема членови


web counter



qr code