Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

gimnazija ljupco santov17.05.2018  Наидувајќи на повеќе бариери поттикнати од страна на родителите на учениците со посебни потреби, СОУ „Љупчо Сантов“ годинава навреме ги информира старателите, односно родителите на децата кои што учат во паралелки за деца со посебни потреби дека доколу не се инклузирани во редовната настава од основно образование нема да можат ниту во средно да бидат инклузирани, односно прифатени и примени во средното образование.

Oние ученици кои што се веќе инклузирани во редовната настава од основно, тогаш ќе бидат прифатени и примени во средно и со нив ќе работи дефектолог и стручни служби како и професорите.

Таква одлука донесе Министерството за образование и наука за што од училиштата навреме ги информираат родителите на таквите деца.

-Учениците кои што излегуваат од специјални паралелки не подлежат на инклузија во редовно средно образование, а додека учениците кои штом излегуваат од редовно основно образование бидејќи веќе се инклузирани значи ќе можат да се запишат овде кај нас или во другото средно училиште. А за учениците од специјални паралелки инклузијата односно запишувањето може да биде достапно во некои средни стручни школи како што е училиштето „Искра“ во Штип и нормално средни училишта кои што се за ученици со посебни образовни потреби. Беше информирано и Министерството за образоавние и наука и на таквото барање да можеме да инклузираме такви деца од специјални паралелки не добивме зелено светло и затоа сакаме и да ги информираме родителите или старателите на тие деца дека патот на нивното образование да го продолжат и да го гледаат во средно училиште наменето за деца со посебни потреби согласно нивните способности, рече Катерина Димитрова, дефектолог во СОУ „Љупчо Сантов“.

Минатата година ова училиште има инклузирано 4 ученици кои што се со наод и мислење, 4 хронично болни ученици бидејќи и тие спаѓаат во ученици со посебни образовани потреби и 30 ученици од ранливи категории. Со тие ученици се работи по индивидуален пристап со образовни наставни планови и програми според потенцијалните можности и способности а се работи и на корегирање на проблемите и потешкотиите со кои што тие ученици се соочуваат.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

16°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 94%
Ветер: South при 4 kmh
Недела17°C/31°C
Понеделник16°C/31°C
Вторник16°C/31°C
Среда17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 74 гости и нема членови


web counter



qr code