Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pres vmro mile18.05.2018  ОК на ВМРО - ДПМНЕ Кочани одржа прес на кој што проговорија на, како што велат, повеќе политички и економски теми.

На пресот беше речено дека има уште една поважна и поболна тема во која спаѓаат нашите највисоки национални интереси и дека Македонија и македонецот се ставени во ситуација во која се загрозува се она што е македонско кога со невидена леснотија се преговара и се пазари со нашето уставно име и идентитет, со нашиот јазик и се руши се она што создавано со векови.

- Само да ве потсетам дека деновиве славиме 1000 години од Охридската архиепископија, се руши она што сме го граделе не само со борба, туку со душа песна по песна, книга по книга, збирка по збирка со крв и пот. Македонецот денеска секој ден се буди посиромав, за уште малку позадолжен од вчера и слуша радио, гледа телевизија, отвора на интернет за да провери како се вика земјата во која што живее, за да провери кој е тој и како ќе се вика, за да провери како ќе се викаат и што ќе бидат неговите деца или внуци, она што го чувствува секој македонец може да се опише со два збора и бол и бес токму како романот на Славко Јаневски. Тоа не сме го заслужиле, рече Миле Лефков, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ - Кочани.

ВМРО-ДПМНЕ е за влез на Македонија во ЕУ и НАТО, рече Лефков на пресот, но дека има два начина-едниот од нив е потешкиот -тоа е пат кој не води во ЕУ преку исполнување на сите економски и политички предуслови, тоа меѓу другото значи владеење на правото, ослободување на институциите од партиското влијание и пораст на животниот стандард –ако така влеземе во Унијата ќе бидеме горди на себе и на она што сме го постигнале како народ и ќе бидеме достоен член на Европа. Но, во последно време не убедуваат дека постои и друг - најверојатно пократок пат по кој ќе влеземе во Унијата но да бидеме свесни дека пократкиот пат значи дека ќе влеземе во ЕУ со “свиткана кичма“, понижени, осиромашени, поделени, раскарани и единственото место кое ќе го имаме во Европа на тој начин ќе биде улогата на европско гето, беше речено на пресот.

Лефков на крајот од пресот ги повика граѓаните да учествуваат на големиот протестен собир што ќе се одржи на 2 јуни во Скопје.

-Денеска Македонија е ставена пред една небиднина од која единствен излез се нејзините граѓани-во овој прес не станува збор било кој што се занимава со политика-ова е прес за сите нас, за нашата иднина и за иднината на нашите деца. Поради сево ова ве повикувам на 2 јуни во Скопје во 20:00ч на голем протестен собир во кој сите зедно ќе кажеме НЕ на погубните политики на власта и ке кажеме СТОП на понижувањето на македонецот во неговата сопствена држава. Како претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани можам да ве поканам и да ве охрабрам да бидете дел од протестот на 2 јуни- ќе можеме да им кажаме на нашите деца дека тој ден и ние бевме на улица заедно со Македонците, додаде Лефков.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

13°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: Variable при 4 kmh
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/23°C
Вторник13°C/24°C
Среда13°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 91 гости и нема членови


web counter



qr code