Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

den pozarnikari201818.05.2018  Со свечена смотра и пригодна свеченост Територијалната противпожарна единица од Кочани денеска го одбележа 20 Мај - Денот на пожарникарството.

Претставници од општинската администрација, пензионирани пожарникари и други гости присуствуваа на свеченоста, при што во поздравниот говор градоначалникот Николчо Илијев искажа задоволство од ангажманот и успешното извршување задачите од страна на сите припадници на единицата.

- Ние како Локална самоуправа, во рамки на нашите можности и обврски постоно сме во комунијација и помагаме во делот на опременоста на единица. Годинава по подолг период успеавме за пожарникарите да набавиме професионални униформи и облека според европските стандарди. Ние ќе продолжиме и понатаму, како шптое во сегменти како шпто е инвестирањето во моторни возила за да може да одговори на предизвицитe, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани. 

Во првиот квартал од оваа година кочанските пожарникари имале близу 90 интервенции од различен карактер, што е мал пораст во споредба со истиот период лани. Најголем дел од излегувањата на терен биле за гасење пожари на отворен простор, како и десетина интервенции за извлекување повредени во сообраќајни несреќи. На свечленоста беше даден и краток извештај за работењето во минатата година.

- Имавме околу 285 интервенции од кои 31 припаѓаат на општина Чешиново-Облешево, 14 на општина Зрновци. Нашата единица располага со 6 возила од кои 3 навални, една цистерна и 2 теренски возила. Единицата има 17 вработени кои се во добра физичка и стручна кондиција. Воведовме и новина - теориска обука и практичен дел, штом се состои од дневна и ноќна обука и се надеваме да покажеме подобри резултати во понатамошната работа, рече Благојчо Паунов, командир на ТППЕ – Кочани.

Паунов потврди дека неипгхондо е инвестриање во возиллата и опремата за да се подобри готовноста и ефикасниоста на единицата, со оглед што во просек постојните возила се постариу од две децении

Во рмаки на свеченоста по повод Денот на пожарникарството, за присутните беше приредена и мала изложба на противпожарна опрема, а за најуспешен пожарникар за изминатиот едногодишен период беше прогласен Милко Минов, кој доби награда од градоначалникот.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

13°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: Variable при 4 kmh
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/23°C
Вторник13°C/24°C
Среда13°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 88 гости и нема членови


web counter



qr code