Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

maturanti goso vikentiev201821.05.2018  Матурантите од СОУ „Гошо Викентиев“ блеснаа и ги наполнија со сјај кочанските улици и градот.

На прославата на матурската вечер, организирано со класните раководители влегуваа во училиштето каде што го одржаа последниот класен час. Пред заминување на прослава во „Еуро Хотел Гратче“ продефилираа во холот со своите класни раководители, а потоа се упатија пред ЦК „Бели мугри“ каде што дефилираа на летната сцена.

Матурантите во дилема каде ќе го продолжат школувањето.

Класните раководители задоволни од своите ученици и со тага што се разделуваат од нив, но истовремено чувствуваат и радост што нивните ученици се веќе полнолетни и зрели личности.

- Ни најмал сомнеж немам дека од оваа генерација матуранти ќе произлезат успешни граѓани на Кочани. Прекрасно поминавме во изминативе четири години и горда сум што сум класен раководител на вакви ученици, рече Марија Алексиева, класен раководител.

На матурската забава ги поздрави директорот на училиштето Гоце Савев и им го честита матурирањето.

- Јас сум ученик од ова училиште и навистина знам како е чувството да бидеш матурант од ова училиште, затоа им го честитам матурирарњето и им посакувам успех во животот понатаму на сите ученици, навистина беа прекрасни, рече Гоце Савев, в.д директор на СОУ „Ѓошо Викентиев“.

Матурантите славеа до раните утрински часови, а потоа организирано со автобуси се вратија дома. Вечерва своето полнолетство го слават матурантите од гимназијата „Љупчо Сантов“.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток9°C/26°C
Петок8°C/26°C
Сабота7°C/24°C
Недела7°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 92 гости и нема членови


web counter



qr code