Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

gradinka zrnovci23.05.2018  Детската градинка “Бисерчиња“ од Зрновци се подготвува за започнување со работа, заради што објави и оглас за вработување на потребните работници.

Според наведениот опис на работните места се бараат вкупно 8 лица, кои се поделени во две групи работници, односно четири даватели на јавни услуги и исто толкав број помошно-технички лица.

Со огласот ќе се вработат двајца извршители на работното место восипитувач на деца на возраст од 2 до 6 години со нето плата од околу 19,500 денари. Условите што треба да ги исполнуваат кандидатите е да се професори по предучилишно воспитание или дипломирани педагози по предучилишно воспитание, да се со или без работно искуство и да поседуваат важечка лиценца за воспитувач.

Освен нив, во групата даватели на јавни услуги ќе се вработат и две лица на работното место негувател, за што ќе добиваат плата од околу 15 илјади денари, а кандидатите треба да имаат завршено средно образование, да се со или без работно искуство и да поседуваат важечка лиценца за негувател.

Во групата технички персонaл со огласот ќе се вработи едно лице како хигиеничар што ќе добива нето плата од 12 илјади денари, а потребно е да има основно или средно образование. Исто така, се бараат и еден хаусмајстор, готвач и помошник готвач кои треба да имаат завршено соодветно средно образование од електротехничката, односно угостителската струка. Tие ќе добиваат плата во износ од 12 до 13 илјади денари, во зависност од работната задача што ќе ја извршуваат.

Вработените што се бараат со огласот ќе бидат ангажирани само во прва смена и ќе работат 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати треба да се државјaни на Република Македoнија, да немаат забрана за вршење на дејноста, како и да обезбедат потврда дека не им е изречена правосилна судска пресуда за семејно насилство или негрижа и злоставување малолетни лица.

Рокот за пријавување на кандидатите за вработување е до 31 мај, а пријавите и документите се поднесуваат во детската градинка „Бисерчиња“ во Зрновци.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

13°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: Variable при 4 kmh
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/23°C
Вторник13°C/24°C
Среда13°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 53 гости и нема членови


web counter



qr code