X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zavrsen turnir detska liga28.05.2018  Младите фудбалери од виничка “Слога 1934“ во генерациите 2006, 2008, 2009 и 2010 ги освоија првите места на завршните турнири во Детската фудбалска лига – источен регион. Екипите на “Фудбал старс“ од Кочани пак, се победници во конкуренција на фудбалери од генерациите 2005 и 2007.

Натпреварите се играа на стадионот во Виница и на фудбалското игралиште во Горни Подлог, во организација на ФФМ, а со поддршка на двата клуба кои ги освoија првите места.

- Во секоја генерација по 4 екипи учествуваа на завршниот турнир, такви се пропозициите, сите што ќе победат на завршниот турнир одат на завршен турнр во Скопје, фајнал фор што ќе се одржи на 2 и 3 јуни на терените на ФФМ. Ова се одвива со поддршка на Фудбалската федерација, по теркот на Гресфут, оваа година ќе дадеме можност и на други екипи кои имаат интерес да се натпреваруваат во Детската лига, а се надеваме дека од наредната година и во женскиот фудбал исто така ќе имамe, рече Ангелчо Гошев, координатор на Детската фудбалска лига – источен регион.

Организаторот на турнирите за најдобрите екипи од сите генерации обезбеди победнички пехари и благодарници за учество. Освен тоа прогласени се и најдобрите играчи, голмани и стрелци за секоја генерација, а признанија беа обезбедени и за најдобрите тренери на екипите.

Во генерацијата 2005 за најдобар тренер беше прогласен Љупчо Симоски од “Фудбал старс“, за најдобар играч Никола Механџиски од Русиново, најдобар стрелец Веско Крстев од “Фудбал старс“, а признанието за најдобар голман го доби Лазе Гичев, исто така од “Фудбал старс“.

Кај генерацијата 2006 за најдобар тренер е избран Мартин Ампов, за најдобар играч Мартин Лазаров, а за најдобар голман Михаил Стаменков, сите тројца од виничка “Слога“. Признанието за најдобар стрелец му беше доделено на Марио Симоски од “Фудбал старс“.

Стојче Милошевски од екипата на “Каменица Саса“ доби признание за најдобар тренер, додека Андреј Атанасовски од истата екипа стана најдобар голман кај генерацијата 2007. Во истата конкуренција за најдобар играч и најдобар голман беа прогласени Петар Постоловски и Ненад Малинов од “Фудбал старс“.

И кај генерацијата 2008 Мартин Ампов од виничка “Слога“ доби признание за најдобар тренер, додека неговите фудбалери Андреј Андреев, Леон Горански и Леон Цивкаровски беа прогласени за најдобар играч, стрелец и голман.

Слично беше и за фудбалерите од генерацијата 2009, каде најдобар тренер е Виктор Петров од “Слога“, а Благој Николов и Даријан Горгиев од истиот клуб добија признанија за најдобар играч и најдобар голман. Во оваа конкуренција најдобар голман беше Лука Ивановски од “Каменица Саса“.

Кај најмладите од генерацијата 2010 Виктор Петров од “Слога“ по втор пат доби признание за најдобар тренер, а Јован Иванов од истата екипа стана најдобар играч. Наградата за најдобар стрелец ја поделија Михаил Павлов од “Слога 1934“ и Кристиан Атанасов од “Каменица Саса“, а за најдобар голман беше награден Лука Стојановски од “Каменица Саса“.

Двете екипи од Виница и од Кочани екипи со победничките тимови по генерации ќе го претставуваат регионот на завршниот турнир во Детската лига на државно ниво што ќе се одржи викендов во Скопје.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Дожд
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NNW при 13 kmh
Понеделник1°C/4°C
Вторник-3°C/3°C
Среда-5°C/3°C
Четврток-1°C/5°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 64 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click