Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

iftar vecera dzamija28.05.2018  Поголем број муслимански верници од Кочани и соседните општини во саботата присуствуваа на третата традиционална ифтар вечера што се одржа во дворот на џамијата Дуди Ханум.

Капијата од верскиот објект беше широко отворена за сите доброноманеррни гости кои беа срдечно дочекани и угостени. Организатор на свечената вечера беше хуманитарната организација “Раце за помош“ од Кочани чија цел е на верниците да им овозможи достоинствено славење на светиот месец Рамазан, но и ширење на меѓусебно разбирање и толеранција меѓу припадниците на различни религии.

На ифтар вечерата присуствуваа и претставници од Локалната самоуправа со претседавачот на Советот на Општината, а добредојде на сите им посака претседателот на хумaнитарната организација, Мухамед Мемедов.

- Муслиманите кои постат во овој месец од пред изгрејсонце до зајдисонце избегнуваат јадење, пиење и интимн и односи. Ова е еден вид молитва кон возвишениот Господ, и токму за ова хуманитарната организација се ангажираше и заедно со партнерите од Скопје, хуманитарната организација “Глас на добрина“, приредивме ваква регионална ифтар вечера. Се собраа сите муслимани на едно место за да го одбележиме овој ифтар. Месецот Рамазан не е само за избегнување јадење, пиење и интимни односи, туку е и месец на братство и единство, месец на дарежливост, месец на милост и така натаму. Јас на сите муслимани им го честитам празникот Рамазан и се молам на возвишениот Алах во овој свет месец да ги прифати нашите молитви, рече Мухамед Мемедов, претседател на хуманитарната организација “Раце за помош“ - Кочани.

Мемедов додаде дека ифтар вечерата се организира на десеттиот ден од започнувањето на светиот месец Рамазан, а празнувањето завршува во средината на јуни со празникот Рамазан Бајрам.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток9°C/26°C
Петок8°C/26°C
Сабота7°C/24°C
Недела7°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 83 гости и нема членови


web counter



qr code