Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

meteopati06.06.2013 Во последните десетина г годишните времиња се менуваат без преодни периоди, а дневните разлики во температурата понекогаш 10 или 15 степени. Метеоролошките услови имаат влијание здравје на голем број кочанци, кои периодов се жалат на здравствени тегоби

-Најмногу се жалат на главоболки, болки во градите, намалена циркулација во екстремитетите и болки во зглобовите. Препорака до пациентите е редовно да ја земаат терапијата и да доаѓаат на контроли-рече д-р Марија Мирчовска, интернист.

На временските осцилации, помалку или повеќе, реагираат сите, но најтешко ги поднесуваат хроничните болни. Наспроти редовното земање на пропишаната терапија, симптомите на основната болест се засилуваат, а метеопатските тешкотии се поизразени и кај жените во менопауза.

Доколку организмот на здравиот човек реагира бурно на промената на времето, се препорачува детален лекарски преглед, за да се утврди дали можеби не станува збор за почеток на некое ново заболување.

Хроничните болни и метеопатите би требало редовно да ја следат биометеоролошката прогноза и да се однесуваат во согласност со упатствата. Здравата храна, консумирањето овошје, зеленчук и повеќе течности (вода и билни чаеви) исто така можат да ги ублажат тегобите поради промената на времето. Не се препорачуваат многу студени и слатки пијалаци и алкохол. Неопходно е лицето да има мирен сон, но да се одмора и во текот на денот. Се препорачуваат умерена физичка активност и престој во природа.

Г. Лалов

Сподели

meteopati1meteopati2

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 64 гости и нема членови


web counter



qr code