Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

dzudo gladijator medali28.05.2018  На државниот џудо натпревар за помлади пионери и кадети што во неделата се одржа во Прилеп во конкуренција од 18 џудо клубови од целата држава и повеќе од 200 натпреварувачи, кочанскиот џудо клуб „Гладијатор“ настапи со 6 натпреварувачи и се врати со освоени пет медали од кои два златни, два сребрени и еден бронзен медал.

- Ги имаме и првите репрезентативци кои влегуваат во селекцијата во помлади пионери Стефанија Павлова и Емилија Станојкова кои што се закитија со златниот медал. Дамјан Крстов се бореше во кадетска конкуренција и се закити со сребрениот медал. Андреа Минова и Филип Станојков се закитија со бронзен медал, додека Христијан Павлов во борбата за третото место ја загуби борбата и слезе на петата позиција но на следното натпреварување одиме за заземање на првото место бидејќи станува збор за високо квалитетен борец, рече Драган Шеќекорски, тренер на џудо клубот „Гладијатор“ Кочани.

Наредни натпреварувања кои што му престојат на џудо клубот „Гладијатор“ од Кочани се државното првенство за пионери и јуниори што ќе се одржи на 10 јуни. Потоа на 15 јуни заминуваат на подготовки во Драч, Албанија и понатаму следува државното школско првенство што е во техничка организација на Сојузот на училишни спортови на Македонија.

Со овие активности ќе биде заокружена сезоната и со нови сили и успеси клубот и кочанските џудисти ќе продолжат во септември.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

12°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 72%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток9°C/26°C
Петок8°C/26°C
Сабота7°C/24°C
Недела7°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 111 гости и нема членови


web counter



qr code