Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

predavanje dijabetes201828.05.2018  Важноста на исхраната и конзумирањето на јаглехидрати кај дијабетичарите и лицата приматели на инсулин беше темата на предавањето кое што во организација на Здружението на дијабетичари Кочани се одржа во венчалната сала.

Предавач едукатор е Татјана Ѓорѓовски, од клиниката за ендокринологија Скопје, а организатори на едукативниот караван за броење јаглени хидрати е Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија во соработка со локалните здруженија на дијабетичари.

Претседателката на Асоцијацијата за детски дијабет Наташа Деспотовска - Димитриевска Асоцијацијата истакна дека за жал дијабетесот во светски рамки веќе пандемски се шири и постојано расте бројката на лица со дијабет меѓу кои и деца.

-Ние решивме на еден начин да вршиме едукација на лицата со дијабетес. Работиме плански со поддршка на Клиниката за ендокринологија и ги советуваме за консумација на исхрана кај лицата со дијабетес и важноста за броењето на јаглехидратите за добра контрола на шеќерот, рече Наташа Деспотовска - Димитриевска, претседател на Асоцијација за детски дијабет на Македонија.

Инаку, Сојузот на здруженијата на дијабетичари на Македонија, заедно со Сојузот на здруженија на други болест мака мачеа да издејствуват измени во Законот за паралелен увоз на лекови и медицински помагала со кој што треба да се направи подобра регулатива за увоз на лекови и кој ќе гарантира за квалитетот на инсулините и на останатите лекови кои што влегуваат во државата. -

-Дијабетичарите и здруженијата посветија внимание и на други барања приоритетни за лицата со дијабет, рече Бојан Киров, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија.

Инаку, бројката на дијабетичари постојано е во пораст. Во Кочани достигна до 2.000 дијабетичари, а на инсулин се околу 700 лица. За жал се намалува и старосната граница на лица со дијабетес, а се поголем број деца се на инсулинска терапија и со покачен шеќер во крвта.

Т. Велкова

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

13°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: Variable при 4 kmh
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/23°C
Вторник13°C/24°C
Среда13°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 111 гости и нема членови


web counter



qr code