Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

nov fitness28.05.2018  Со презентација на фитнес вежби и канго џампс, како и презентирање на фитнес справи, во Кочани беше отворен Health & Fitness Centar „Fit Gym ".

Станува збор за фитнес центар кој што нуди комплетна нега за здравјето и телото, односно, во тежинскиот дел или вежби со тегови центарот располага со разни видови на справи, понатаму кардио дел за кардио вежби и сала за групни тренинзи во која се одивива канго џампс, аеробик степ, како и специјална програма за деца и корективна гимнастика.

Одговорните на центарот се и главни увозници за Македонија на суплементите Gold Touch Nutrition.

Обучените лиценцирани тренери велат дека радува фактот што во последно време е зголемена заинтересираноста на младите за начините за зачувување на своето здравје преку конзумирање здрава храна, зголемена физичка активност и здрав начин на живот воопшто.

-Во последно време е зголемен интересот за употреба не само на фитнесот, туку и за другите спортови. Луѓето се интересираат и прашуваат околу здрава исхрана и физичка активност, па токму затоа овој комплет од здрава исхрана и вежбање ќе им биде добредојден,. Тука се суплементите, ние сме главни увозници на Gold Touch Nutrition, тука е теретаната, кардио делот, групните тренинзи, персонални тренинзи и се што е потребно, рече Зоран Василов, тренер инструктор во „Fit Gym "

На свеченото отворање беа презентирани канго џампс вежбите од страна на светскиот канго џампс тренер со лиценца од светската федерација Лепа Јовиќ , а имаше и гостин тренер од Струмица Павлинка Тренчовска како и Наталија Василова, републички инструктор по канго џампс, аеробик степ и фитнес. На отворањето можеа бесплатно да пробаат сите кои сакаат да научат канго џампс и да ги почувствуваат бенефитите од вежбањето.

Инаку, со отворениот фитнес центар работи републичкиот инструктор по канго џампс, аеробик степ и фитнес Наталија Василова од Кочани која што ги држи групните тренинзи и Зоран Василов кој што е задолжен за тежинскиот дел и вежби со справите и тегови како и околу делот во начинот на исхрана и суплементите. И двајцата се сертифицирани тренери со ИСА сертификат а има и други вработени во центарот асистенти кои помагаат околу обука на вежбите и користење на фитнес справите. Новоотворениот фитнес центар е лоциран позади дисконтот „Осоговка“ во Кочани.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

13°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: Variable при 4 kmh
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/23°C
Вторник13°C/24°C
Среда13°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 124 гости и нема членови


web counter



qr code