X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

rabotilnica strategija razvoj29.05.2018  Со одржувањето на првата, консултативна работилница Општина Кочани го започна процесот за изготвување Стратегија за одржлив развој за периодот до 2023 година.

Изработката на стратешкиот документ ќе биде спроведена низ транспарентен процес со вклучување на сите клучни засегнати страни – јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, со посебен фокус на родовата интеграција во сите аспекти на процесот.

Целата постапка ќе ја водат надворешни експерти од UN Women, организацијата која преку регионалниот проект „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа“ја финансира изработката на Стратегијата за развој на општина Кочани.

- Идејата е што повеќе граѓани да дадат предлози за тоа како ја гледаат иднината на општината и кој ќе биде фокусот на општината во наредните пет години за да може соодветно да ги насочи своите средтва и своите напори, во остварување на тие цели. На некој начин, тие треба да ја дадат визијата за тоа како сакаат нивната општина да изгледа во следните пет години, рече Кристина Хаџи-Василева, надворешен соработник на UN Women.

Според градоначалникот Илијев, изработката на стратегијата за одржлив развој е важен документ што ќе и помогне на локалната власт да ги опфати и да бара начин да задоволи потребите на граѓаните.

- Затоа се одлучивме за една ваква акција каде што ќе биодат вклучени сите, и сите да дадат придонес, да се чувствуваат како дел од стратегијата што во иднина треба да биде наш патоказ и водач за нашите задачи. Во оваа прилика сакам да с езабалагодарам на организацијата на жените при ОН кои го прифатија нашиот повик, нашиот апел за поддршка и помош во реалзиацијата на овој проект, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Според предвидената динамика во текот на следниот месец ќе се одржат уште две работилници на кои заедно со граѓаните ќе бидат дефинирани главните насоки на развојот во стратешкиот документ.

Се планира до крајот на јули да се изготви нацрт текстот на Стратегијата за одржлив развој на Кочани, што потоа ќе треба да ја усвои Советот на Општината.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Ледне куглице
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 20 kmh
Понеделник1°C/4°C
Вторник-3°C/3°C
Среда-5°C/3°C
Четврток-1°C/5°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 73 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click