Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

DAF kocani29.05.2018  Во присуство на голем број гости и љубители на дрмаската уметност синоќа во ЦК „Бели Мугри“ беше отворен 55. Драмски аматерски фестивал.

На отворањето му претходеше драматизацијата според народни кажувања со наслов „ Бегај ѓаволе жена ми доаѓа“ во режија на Бојан Подгоршек а во изведба на културното друштво „Шатор Шторје“ од Словенија.

Свеченото отворање на фестивалот се одржа на сцената на ЦК „Бели Мугри“ а присутните ги поздрави драматургот Дарко Спасов кој што е и претседател на годинешното издание ДАФ.

Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев кој ги поздрави присутните.

Веднаш по отворањето на фестивалот беше одиграна претставата „Многу врева за ништо“ на Вилијам Шекспир во режија на Слободанка Чичевска а во изведба на Гимназијата „Кочо рацин“ од Велес. По неа драмското студио при ЦК „Бели Мугри“ ја одигра претставата „Пеликан“ од Аугуст Стриндберг во режија на Перо Даниловски.

На вториот ден од фестивалот на пладне беше одиграна народната приказна „Токмаците и билбилот“ во режија на Мартин Милчевски во изведна на ОУ „Ванчо Прке“ од Делчево.

Според програмата вечерва на сцената на ЦК „Бели Мугри“ прикажување на претставата „Покондирена тиква“ во режија на Уна Николоска а во изведба на актерите од училиштето „Раде Јовчевски - Корчагин“ од Скопје. Во 22,15 часот е претставата „Ана је чекала“ во режија на Тијана Петровиќ во изведба на актерите од домот на културата „Радивој Увалиќ - Бата“ од Прокупље, Србија. Понатаму до крајот на неделата ќе следуваат уште театарски и куклени претстави како и други придружни активности и настани како дел од фестивалот.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: SSW при 17 kmh
Недела18°C/32°C
Понеделник17°C/31°C
Вторник17°C/31°C
Среда17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 92 гости и нема членови


web counter



qr code