Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ukrasi andrej29.05.2018  Декоративни украси кои сосема сама со помош на нејзината креативност ги изработи Наташа Стојанова, мајка на 25-годишниот Андреј Стојанов од Кочани кој што боледува од церебрална парализа и на кој му се потребни финансиски средства за лекување во Русија.

Поаѓајќи од фактот дека не се доволни само телефонските броеви за донации, Стојанова нашла начин како преку искористување на својата креативност и талент на му помогне на синот Андреј во собирањето на средствата за лекување.

- Иако знам дека јавноста е запознаена за случајот на мојот син Андреј дека треба да оди на лекување со матични клетки во Русија, па еве со цел да се соберат дополнителни финансиски средства решив да почнам со изработка на украси кои што сама рачно ги изработувам. За изработка на овие украси употребувам разни материјали, вештачки и суви цветови, бисери, филџани и слично, се што е ми дава инспирација за работа. Затоа ги молам сите хумани луѓе, фирми и други локали и ресторани каде што ќе им се потребни украси да си купат и со тоа да ја покажат својата хуманост, рече Наташа Стојанова, мајка на Андреј Стојанов.

Дека е точна изреката „ако се сака се се може“ покажува токму постапката на Наташа Стојанова која што сама без никаква помош се бори во животот за да го исправи својот син. Оди на работа, се снаоѓа сама околу грижата на синот на кој што заради болеста му е потребна 24 часовна нега, и на сето тоа наоѓа време да ги изработи овие украси водена од непрекинатата желба да му помогне на синот да ги собере парите за лекување во Русија кое што пак треба да му овозможи подобрување на квалитетот на живот. Се надева дека упорноста ќе се исплати и дека ќе има хумани луѓе, но и фирми, ресторани или кафе барови, кои ќе сакаат да купат од рачно изработените украси и вазни и со тоа ќе ја покажат својата хуманост и ќе му помогнат на нејзиниот син.

Украсите може да се порачаат во инбокс на фејзбук страната на Наташа Стојанова, како и на телефонскиот број 078 272 804. Овие украси ќе бидат изложени и на штанд што ќе биде отворен по повод празникот на градот Петровден. Инаку, за Андреј Стојанов се уште може да се донира на телефонските броеви на Т- мобиле 070 143 110 и на ВИП (без префикс) 143 480, како и на жиро сметката за донации во Тутунска банка 210-700000623361.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: SSW при 17 kmh
Недела18°C/32°C
Понеделник17°C/31°C
Вторник17°C/31°C
Среда17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 112 гости и нема членови


web counter



qr code