Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sovet kocani maj201830.05.2018  По неизгласувањето на претходната седница на Советот на Општина Кочани, по неполн месец од тогаш, на денешната седница советниците го усвоија годишниот план за вработување во детската градинка “Павлина Велјанова“.

Сепак, пред да започне гласањето беа упатени забелешки на документот што повторно се става на разгледување, особено за бројот на лицата што се планира да се ангажираат во 2019 година.

Од опозицијата рекоа побараа објаснување за наведените податоци, при што беше оценето дека планот и овојпат не заслужува да добие поддршка.

- Дали таков план имаше и за 2018 година и дали се реализира или се реализираше тој план. Претпоставувам дека е по закон поднесувањето на овој годишен план за вработување, но читајќи го годишниот извешптај за работата на детската градинка 2017 – 2018 година не прочитав дека има недостаток за тој кадар. Сега, што недостасува таму, еве вака, бројот на децата по групи во четирите објекти ги надминуваше пропишаните нормативи. Тоа значи дека има проблем со воспитувачи и негуватели, а тие не се опфатени со овој план, бидејќи за такво вработување, за таков кадар, се во согласнст со законот за вработување во јавниот сектор. Барам објаснување, образложение, затоа што навистина не ми е јасно каков е тој план со толку многу вработувања, бидејќи во градинките има 86 вработени, а има капацитет од 650, се мисли на деца, рече Татјана Лазарова Осоговска, член на Советот на Општина Кочани.

Со оглед што се најавува дека ќе се гради уште една детска градинка во Кочани, беше упатено и прашањето колку вработувања ќе има тогаш и дали до сега немало проблем во функционирањетро на установата со сегашнито број на вработени.

Од градинката дојде одговор дека годишниот план се однесува само на лица што би се ангажирале како помошно-технички персонал и административни службеници, а наведените 13 вработувања не се задолжителна обврска.

- Годишниот план претставува рамка, а не дека и законски мораме да го спроведеме. Значи, ние мораме оваа бројка на планирани вработени, со истата бројка го донесовме планот минатата година и истиот се реализира по добиена согласност од Министерството за финансии, преку Министерството за труд и социјална политика. Во спротивно, годишниот план не претставува виза за отпочнување на постапка за вработување. Административниот кадар работи со еден референт за економски работи и еден советник, правник и директорот. Ако сметате дека ова е многу за една детска градинка со 800 деца и околу 90 вработени, јас мислам дека не е многу, туку треба да се вработат уште најмалку двајца во администрација и уште толку колку што имаме предвидено за помошно-технички персонал, оние кои што ќе се грижат за подготовка на храната во градинката и за хигиената, рече Лидија Серафимова, директор на ЈОУДГ “Павлина Велјанова“.

По објаснувањето на директорката Серафимова советниците со 11 гласа „за“ и без „воздржани“ и „против“ го усвоија Годишниот план за 2019 година за вработување во градинката “Павлина Велјанова“. Исто така, зелено светло добија и Правилниците за изменување и дополнување и за систематизација на работните места во детската установа.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток9°C/26°C
Петок8°C/26°C
Сабота7°C/24°C
Недела7°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 96 гости и нема членови


web counter



qr code