Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zfk prestige30.05.2018  Како добри домаќинки се покажаа фудбалерките на ЖФК “Кочани“, препуштајќи им ја победата на гостинките од Њу Џерси, на пријателскиот натпревар што се одигра во вторникот попладне на стадионот “Никола Мантов“.

Американскиот женски фудбалски клуб “Prestige soccer training“ од Њу Џерси, кој имаше мини балканска турнеја, на средбата со нашиот прволигаш покажа дека е подобра и поподготвена екипа, па на крајот заслужено славеше победа од 4:1.

Дека ќе немаат поголеми потешкотии да ги совладаат нашите девојчиња гостинките покажаа уште во привиот дел од натпреварот кога поведоа со 2:1 , а во второто полувреме постигнаа уште два гола и ја потврдија ефикасната игра.

Женскиот фудбалки клуб “Prestige soccer training“ претходно одигра уште два пријателски натпревари со солунски “Арис“ и струмичка “Тиверија“, а гостувањето во Кочани беше поради поврзаноста на тренерскиот кадар со Македонија, односно со нашата општина. Главниот тренер и шеф на стручниот штаб Ненад Ѓоргиев има облешевско-радовишко потекло, поради што решил да ја доведе својата екипа и кај нас.

- Од 2006 година, па до денес се занимавам само со фудбал, имам моја академија во која има над 600 деца и еден сениорски тим. Особено женскиот фудбал е на високо ниво, знаејќи дека тие се олимписки шампиони, светски шампиони и мислам дека натпреварите овде се добра идеја, да видиме до кој степен е развиен нашиот фудбал таму и до кој степен е развиен фудбалот овде, а во истиот момент го промовираме женскиот фудбал овде, рече Ненад Ѓоргиев, тренер на “Prestige soccer training“.

Ѓоргиев додаде дека неговата екипа се натпреварува во ранг на трета американска лига што е солиден успех со оглед на бројноста на екипите и големата конкуренција што ја има таму. Во моментот во сениорскит тим нема фудбалерки со потекло од Македонија, но во младинските категории веќе тренираат две деца од Кичево и од Македонски Брод.

Пријателскиот натпревар во Кочани помина во одлична атмосфера, а го судеше судиска тројка од Бугарија.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: SSW при 17 kmh
Недела18°C/32°C
Понеделник17°C/31°C
Вторник17°C/31°C
Среда17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 110 гости и нема членови


web counter



qr code