Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

regionalen pat bigla vinica31.05.2018  Почна реконструкцијата на регионалниот пат од селото Бигла до Виница. Во моментов се работи на подготовка на коловозот за асфалтирање, а планирано е да се асфалтираат 2,4 километри до селото од делчевска страна, по што работите ќе продолжат на уште 4,6 км од виничка страна.

Градежните работи за овој патен правец се влезени во Програмата на ЈП за државни патишта, а согласно со проектот предвидена е изградба на коловоз со ширина од 5 метри, банкини од двете страни на коловозот, како и изградба на одводни канали.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски и градоначалникот на Општина Виница, Ивица Димитров, направија увид во текот на работите при што истакнаа дека со заедничко залагање на двете општини се решава децениски проблем на жителите од регионот.

-Првичното решение е да се создадат нормални услови за одвивање на сообраќајот преку алтернативен пат, село Бигла-Виница кој е во должина од 14 км, од кои 8,5 км од виничка страна и 5, 5 км од делчевска страна. Реконструкцијата на патниот правец с.Бигла-Виница е влезена во Програмата на ЈП за државни патишта, а средствата издвоени за него се во висина од 52 милиони денари, изведувач на работите е ЈП Македонија пат, истакна Ивица Димитров, градоначалник на Општина Виница.

Градоначалникот на Делчево Трајковски потенцираше дека досега на оваа делница веќе е направена реконструкција на  околу 2 км од делчевската страна и 2 км на виничка територија.

-Градежните работи на патот треба да завршат за 4 месеци. Сведоци бевме дека жителите на село Бигла подолго време изразуваа незадоволство од состојбата на патот, бидејќи целиот сообраќај, посебно, кога поради одрони на магистралниот пат М. Каменица-Кочани, се пренасочува преку овој алтренативен пат што создава голема фреквенција на возила,  ризици и небезбедно одвивање на сообраќајот. Затоа, приоритет ни беше итната реконструкција и проширување на делницата село Бигла-Виница, рече Горан Трајковски, градоначалник на Општина Делчево.

Жителите на село Бигла и оние луѓе кои често поминуваат на овој пат велат дека потегот за реконструкцијата е за поздравување.

Инаку, во најскоро време ќе започне и реконструкцијата на патот А3 во должина од 5 км., кој опфаќа реконструкција на булевар „Македонија“ до селото Ѕвегор. Оваа реконструкција е влезена во програмата на ЈП Државни патишта. Исто така, ќе се реконструираат и 15 км од патниот правец  Делчево - Пехчево.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: SSW при 17 kmh
Недела18°C/32°C
Понеделник17°C/31°C
Вторник17°C/31°C
Среда17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 81 гости и нема членови


web counter



qr code