Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sou goso vikentiev31.05.2018  Професори, ученици и одговорните од педагошко - психолошката служба од СОУ „Гошо Викентиев“ пред учениците од основните училишта од скоро сите општини од Истокот ги презентираа струките и профилите кои се на располагање на идните среднишколци.

Преку презентација на електро, машинската и сообраќајната струка, тие при посетата забележаа голем интерес кај полуматурантите за упис во ова училиште.

-Нашите ученици кои завршија во овие основни училишта заедно со професорите вршат презентација на струките и профилите што ги нудиме во училиштето. При презентацијата забележуваме дека има голема заинтересираност за упис на една од струките и профилите во нашето училиште, а некои веќе се изјаснија околу изборот, рече Јасминка Крстова, психолог во СОУ „Гошо Викентиев“.

Во текот на денешниот ден презентација беше извршена во сите кочански, винички училишта, како и во Зрновци и Македонска Каменица. Презентацијата продолжува и во текот на утрешниот ден кога струките и профилите од ова училиште ќе бидат презентирани пред учениците од училиштата во општината Чешиново - Облешево и останатите училишта кои не се поминати во другите општини.

Инаку, во ова училиште и годинава има место за 408 ученици распоредени во 12 паралелки. Што се однесува за уписите првото пријавување во првиот уписен рок е на 18 и 19 јуни и второто пријавување во првиот успиен рок е на 28 јуни. Вториот уписен рок е на 23 август.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток9°C/26°C
Петок8°C/26°C
Сабота7°C/24°C
Недела7°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 106 гости и нема членови


web counter



qr code