X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

daf tret den31.05.2018  Според програмата на годинешното 55. издание на ДАФ на третиот ден на сцената на ЦК „Бели Мугри“ беше прикажана претставата „Каде ми се другарите“, работена според „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле, „Чест“ од Васил Иљоски и „Печалбари“ од Антон Панов во режија на Саша Нацевски, а во изведба на актерите од театарот од Прилеп.

Во вториот вечерен термин беше одиграна претставта „Адвокатот Патлен“ во режија на Слободанка Чичевска а во изведба на Младинското драмско студио „Прличко“ од Велес.

Во дневните термини на четвртиот фестивалски ден беше одиграна претставата „Среќниот принц“ во режија на Билјана Ѓоргиевска во изведба на наставниот кадар и учениците од ОУ „Страшо Пунџур“ од Јосифово.

Според програмата на четвртиот фестивалски ден играат драмската секција на ОУ „Бранд Петрушев“ од Богданци со претставата „Велика“ на Петре М. Андреевски, во режија на Кире Ѓорѓиев која што се игра на сцената во Мултикултурниот центар во Кочани. Во ЦК „Бели Мугри“ во вечерните термини одигрување на претставата „Зла жена“ на Јован Стерја Поповиќ, во режија на Стоје Додевски, а во изведба на пензионерската група на аматерскиот театар од Куманово, како и претставата „Мирандолина“ на Карло Голдони во режија на Џевит Мифтароски во изведба на Драмското студио при Центарот за култура од Дебар.

Во рамките на придружните настани од 55. Драмски аматерски фестивал, кочанската публика ќе има несекојдневна можност да ја проследи промоцијата на книгата „Панкот е мртов“ (Punk is Dead) од словенечкиот писател Томаж Космач.

Организаторите на ДАФ со посебна гордост го најавија и гостувањето на Словенецот Марко Брецељ, ексцентричен, мултимедијален уметник попознат како поранешен фронтмен на култниот југословенски рок-бенд од 70-тите и 80-тите, „Булдожер“.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Дожд
Влажност на воздухот: 75%
Ветер: North при 18 kmh
Понеделник1°C/4°C
Вторник-3°C/3°C
Среда-5°C/3°C
Четврток-1°C/5°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 64 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click