Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

promocija pankot e mrtov01.06.2018  Во рамките на придружните настани од 55. Драмски аматерски фестивал, кочанската публика имаше несекојдневна можност да ја проследи промоцијата на книгата „Панкот е мртов“ (Punk is Dead) од словенечкиот автор Томаж Космач.

Самиот автор објасни зошто токму овој наслов го избрал на книгата „Панкот е мртов“.

- Многумина велат дека панкот е се уште жив и дека многу бендови го свират на концерти, но морам да кажам дека е мртов. Јас знам многу стари панкери со своите семејства како бараат оброк за да прежиеват и се нервираат цело време и искажуваат пцовки на целиот свет а од друга страна се бунтуваат за панкот, затоа велам дека панкот е мртов, истакна Томаж Космач, автор на книгата.

Авторот рече дека пораснал со панкот, но сега веќе пишува декапанкот е мртов, и рече дека го пишува она што го живее и призна дека му е потрербен психијатар за лекување.

-Ми треба лекар, а мојот лекар е психијатарот кој цело време ми вели да пишувам, бидејќи ако не пишувам јас ќе умрам. Кога размислував што ќе работам во животот толку паднав ниско што имав три самоубиствени обиди, но не успеав во нив и ете жив сум.   Првиот самоубиствен обид ми беше да се запалам со плин, но ми снема плин, после сакав да се обесам, но ми се скина јажетотр, а третиот пат се фрлив под автомобил, но тој застана и така немав среќа, по што сфатив дека Бог ме сака и не ми дал да си го одземамам животот. Сега сум среќен во животот и затоа пишувам, додаде Космач.

Космач ја истакна и соработката со Словенецот Марко Брецељ, ексцентричен, мултимедијален уметник попознат како поранешен фронтмен на култниот југословенски рок-бенд од 70-тите и 80-тите, „Булдожер“ кој што исто така беше присутен на промоцијата. Со него се запознале пред 15 години на една културна средба и сега соработуваат.

Инаку, книгата од словенечки на македонски јазик ја преведе претседателот на годинешното издание на ДАФ, Дарко Спасов.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

13°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: Variable при 4 kmh
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/23°C
Вторник13°C/24°C
Среда13°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 120 гости и нема членови


web counter



qr code