Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

press vmro101.06.2018  Протестниот собир на 2. јуни особено е важен сега кога постои најсилна опасност молчењето да се сфати како одобрување, односно како давање согласност со постоечката ситуација.

Нема човек во општина Кочани, освен оние кои се стекнаа со државни функции и високи позиции, кои се согласуваат со нула проценти на економски раст во Македонија. Нема граѓанин кој се согласува со економската катастрофа во режија на оваа влада, беше речено на организираниот прес на ОК ВМРО - ДПМНЕ Кочани.

-Инфлацијата и основните трошоци за живот бележат континуиран раст, а владата на СДСМ не превзема ништо околу тоа, кој ќе се согласи со неосновано зголемување на акцизата на нафтата со цел да се соберат повеќе пари во буџетот од граѓаните со надворешниот долг кој во последната година се зголеми за вратоглави 560 милиони евра, а притоа секојдневно гледаме дека капиталните инвестиции бележат огромен пад и стагнација. Нема нормален човек кој се согласува со нарушената безбедност, со разнишана правна држава во своите темели, пад на инвестициите и на девизните резерви, со судство кое се отвора како „пупка”, а работните места во администрацијата се делат како „од дупка”. Обичниот граѓанин одговара за обичен престап, а за функционерите од власта секогаш се наоѓа некоја “пупка во законот“, рече Миле Лефков, претседател на ОК на ВМРО - ДПМНЕ Кочани.

Согласно законот за јавни собири организаторот на протестот има обврска да превземе определени мерки во врска со непреченото организирање и одвивање на јавниот собир, а тоа меѓу другото значи и обврска да се реагира за секој кој со „злоупотреба на службена положба и овластување“ ќе се обиде да спречи било кој во намерата да го оствари своето уставно загарантирано право (член 21 од Уставот на РМ).

- Затоа испраќам јавно предупредување до сите носители на јавни функции да бидат особено претпазливи и да не си дозволат со било каква форма на притисок да се обидат да влијаат на граѓаните и да ги одвраќаат од намерата да бидат дел од овој протест, а за сите вакви случаи кои ќе ги нотираме ќе бидат известени ОБСЕ, канцеларијата на Европската Унија во Скопје и ќе бидат превземени сите законски мерки пред надлежните органи. Уште еднаш ве повикувам за протестот на 2 јуни и ве известувам дека ОК на ВМРО ДПМНЕ од Кочани за сите оние кои немаат сопствен превоз ќе има организиран превоз со тргнување во 17 часот од постројката пред Основен суд Кочани, додаде, Лефков.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: SSW при 17 kmh
Недела18°C/32°C
Понеделник17°C/31°C
Вторник17°C/31°C
Среда17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 82 гости и нема членови


web counter



qr code