Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

asfaltiranje kaprosovo04.06.2018  Започна асфалтирањето на две локални улици во општина Кочани со вкупна должина од 496,47 м и тоа три крака на улицата „Карпошово востание“и крак на локалната улица „АСНОМ“ во Оризари.

Вредноста на Договорот е 5,5 милиони денари сo вклучен ДДВ, од кои средствата во висина од 4,3 милиони денари се заштеда од реализација на потпроектот „Изградба на 10 улици во општина Кочани“, а средствата во висина од над 1,1 милион денари се општинско кофинансирање и се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани за 2018 година.

Работите ги изведува Градежното претпријатие „Изгрев инженеринг ДООЕЛ“ од Велес, избрано по спроведената тендерска процедура согласно правилата на Светска банка.

Реализацијата на овој потпроект „Изградба на две улици во општина Кочани“ е според договорот за заем склучен помеѓу Меѓународната банка за обнова и развој и Република Македонија, а во врска со остварување на заштедата при реализација на потпроект „Изградба на 10 улици во општина Кочани“ помеѓу Република Македонија - Министерство за финансии и Општина Кочани, со склучен aнекс на Договорот за подзаем.

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

16°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 94%
Ветер: South при 4 kmh
Недела17°C/31°C
Понеделник16°C/31°C
Вторник16°C/31°C
Среда17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 78 гости и нема членови


web counter



qr code