Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

nagradi DAF 201804.06.2018  Претставата “Меѓу нас е тивко“ во изведба на Младинската сцена на Интимен театар од Битола ја доби наградата „Васил Ќортошев“ како најдобра на 55. Драмски аматерски фестивал (ДАФ) што во саботата заврши во Кочани.

Жири комисијата што ја сочинуваа актерите Горан Стојановски и Наталија Теодосиева, како и драматургот Билјана Крајчевска одлуката ја образложија со квалитетната колективна игра и вештото извршување на задачите во комплицираната естетика.

- Секогаш овде имало квалитет, затоа што сите ние кои пред многу години сме доаѓале тука сме зачнале една убава идеја за овој фестивал. Овој фестивал негува нешто, што за жал е многу изгубено, тоа е ентузијазам, љубов кон театарот, се она што денес почнува да се институционализира, а тоа е самиот човек. Така не треба да биде, затоа што театарот е храм каде што треба да се прават работите според човековите вредности, кои за жал полека ни се губат, а тоа не треба да биде. ДАФ, порано ФААТ, овој фестивал е местото каде што се раѓа волјата, душата, ентузијазмот и се она што нас не натерало да бидеме денес ова што сме, рече Горан Стојановски, претседател на жири-комисијата на ДАФ.

Наградата за најдобра режија му беше доделена на Владимир Јовановски за претставата „Дом за старци“ што ја изведе Летечката театарска трупа од Тетово.

- Интенцијата ни е да создаваме квалитетен производ што ќе биде најдобро можно оценет и прифатен од публиката. На крајот на краиштата ние имаме едно мото, тоа мото еоди отприлика вака: „Театарот служи да ги вознемири смирените и смири вознемирните“. Се додека нас тоа ни пали, ние сме задоволни, рече Владимир Јовановски, добитник на наградата за најдобра режија.

Признанието за најдобра главна женска улога го доби Тина Танчева за ликот на Велика во истоимената претстава во изведба ЈОУ „Бранд Петрушев“ од Богданци. Кристијан Јорданов, член на Младинското драмско студио „Прличко“ од Велес е добитник на наградата за најдобра главна машка улога за ликот на Патлен во претставата “Адвокатот Патлен“.

Награда за најдобра женска епизодна улога и беше доделена на Марија Ѓорѓиева која го тлкуваше ликот на слугинката во претставата “Пеликан“ што ја изведе Драмското студио при НУЦК „Бели мугри“ – Кочани.

- Јас сум презадоволна, многу сум возбудена поради оваа награда, искрено не очекував, ја добив наградата за најдобра епизодна женска улога во претставата „Пеликан“, која што беше во режија на Перо Даниловски. Претставата ја подготвувавме во рок од околу два месеци, целата подготовка течеше многу брзо и на крајот успеавме да ја донесеме претставата онака како што треба. Јас сум задоволна од начинот на кој ја изведовме претставата и еве, тоа се потврди со оваа награда, рече  Марија Ѓорѓиева, добитничка на наградата за најдобра женска епизодна улога.

Стефан Николовски од Младинско драмско студио „Прличко“ од Велес беше награден за најдобра епизодна машка улога., а за најдобра театарска престава за деца беше прогласен драмскиот проект „Од трње до звезди“ во изведба на Летечка театарска трупа од Тетово. Признанието за уметничка иновација и истражување во аматерскот драмски израз го доби Аматерско позориште „Хранислав Драгутиновиќ“ од Прокупље, Република Србија. Жирито им додели специјално признание на Филип Ѓорѓиевски, Синиша Петровски и Давид Михаиловски за најавтентичен актерски израз и промоција на дијалекти во претставата „Токмаците и билбилот“, во изведба на ОУ „Ванчо Прке“ од Делчево.

Годинава на ДАФ во Кочани беа прикажани 16 драмски проекти, од кои четири во категоријата за деца и младинци, а останатите во вечерната и алтернативна програма. Освен македонските, настапија и две театарски групи од Србија и една од Словенија.

Во придружниот програмски дел беа промовирани книгите “Панкот е мртов“ од Томаж Космач и „Македонска рок енциклопедија“ од Тошо Филиповски, се организираа актерска и работилница за полимерна глина и епоксидна смола, а уметникот Орхан Ќамилов имаше ликовен перформанс „Планеризам“.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

16°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 94%
Ветер: South при 4 kmh
Недела17°C/31°C
Понеделник16°C/31°C
Вторник16°C/31°C
Среда17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 73 гости и нема членови


web counter



qr code