Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

osogovo adventure 201804.06.2018  Повеќе од 200 велосипедисти, планинари и рекреативци од Македонија учествуваа на планинско-велосипедскиот фестивал Osogovo adventure што годинава по втор пат се одржа на Осоговските Планини.

Организатори на настанот беа друштвото за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје и велосипедското здружение „МТБ Исток“ од Кочани, а целта е на рекреативците кои планинарат и спортуваат со планински велосипеди да им се доближат природните убавини на Осоговието и потенцијалите за планински спортови.

- Целта на Osogovo adventure е да прерасне во еден етаблиран планински фестивал во иднина, не само во рамките на Република Македонија, туку и на Балканот. Содржински, има две тури за велосипедисти - мала и голема тура. Малата е со должина од 30 километри и елевација од 1.300 метри и големата која што го опфаќа и Царев Врв, единствена тура во Македонија која што е со висина од 2.000 метри и оваа тура исто така е со елевација од 2000 метри висина, рече Панче Зафиров од велосипедското здружение „МТБ Исток“.

Освен велосипедизам и пешачење, планинскиот фестивал имаше и придружни содржини, а присутните уживаа во различни дисциплини, за што Осоговието нуди одлични услови.

- Осогово е погодно и за параглајдинг, и за планинарење, за велосипедизам, скијање, пеинтбол. Еве, вчера во доцните часови имаше и фризби овде, значи планината е погодна за многу спортови. Сето ова што има општината, сите овие услови и можности што ги нуди Осогово треба навистина да ги искористиме, рече Јоже Јованов од велосипедското здружение „МТБ Исток“.

Поддршка за велосипедско-планинскиот фестивал дојде и од Општина Кочани, од каде во ваквите настани гледаат можност за промоција на потенцијалите на Осоговието за активен одмор и рекреација во поголемиот дел од годината.

- Општина Кочани, во рамки на своите можности, веќе има направено проект за Осоговски велосипедски рајски патеки со кој веќе имаме аплицирано за финансиски средства, со цел што е можно побрзо да се оствари оваа наша желба и желбата на поголемиот дел од вас. Манифестацијата исто така е важна затоа што за општина Кочани развојот на туризмот е важна стратешка гранка, во која гледаме добра перспектива, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

За следната година се планира на планинско-велосипедскиот фестивал „Осоговска авантура“ да бидат поканети учесници и од соседните земји, со што тој ќе прерасне во меѓународен и ќе може да се бара поголема финансиска поддршка од домашни и странски извори.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: SSW при 17 kmh
Недела18°C/32°C
Понеделник17°C/31°C
Вторник17°C/31°C
Среда17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 95 гости и нема членови


web counter



qr code