Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ucenici malina matematika04.06.2018   Второ и трето место за учениците од ОУ „Малина Попиванова“ на јуниорската математичка олимпијада што викендов се одржа во Скопје.

Учениците беа најдобри на државниот натпревар преку кој што си обезбедија учество на олимпијадата и во силна конкуренција од околу 60 ученици од цела држава тие го освоија сребрениот и бронзениот медал.

-Многу сум задоволна од мојот успех, ова за мене претставува мотив за уште поголем труд во иднина. Задачите беа тешки и имаше силна конкуренција, но сепак успеав да го освојам сребрениот медал. Работев под менторство на наставничката Лилјана Цветанова, рече Теодора Санева, ученичка во ОУ „Малина Попиванова“.

-Конкуренцијата беше силна но јас успеав да го освојам бронзениот медал. Се надевам на поголем успех во иднина. Се подготвував под менторство на наставничката Милена Серафимова, рече Даниел Димитровски, ученик во ОУ „Малина Попиванова“.

Презадоволни од постигнатите резултати менторите и директорот истакнаа дека овој успех за учениците значи голем мотив за понатамошна уште поголема работа и труд и напредување во областа на математиката.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

13°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: Variable при 4 kmh
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/23°C
Вторник13°C/24°C
Среда13°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 123 гости и нема членови


web counter



qr code