Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

fa kocani zenska grupa05.06.2018  Успешни настапи на фолклористите од ФА „Кочани“ на Фестивалот на розата во Казанлак, Бугарија. Со големи впечатоци и нови пријателства се вратија од 4 дневниот престој во бугарскиот град.

Станува збор за фестивал со долга традиција на кој настапуваат фолклорни друштва од цел свет.

-Таму го празнуват денот на розата затоа што тоа е главна гранка на занимање на општината бидејќи од тоа прават вино, ракија, парфеми. ФА „Кочани“ имаше четири настапи од кои три со стилизирани кореографии „Женско чамче“, „Тресеница“ и „Лазаренки“. „Женско чамче“ е стилизирана кореографија која потекнува од селото Смилево. „Тресеница“ потекнува од селото Мариово и „Лазаренки“ е исто стилизирана кореографија која потекнува од Бојмија, Гевгелиско поле, а станува збор за обичаи што се изведуваат на Лазарева сабота. И четвртиот настап ни беше со традиционалната игра „Црна трава“. Од публиката изнудивме силни аплаузи. Инаку, на тој фестивал настапија фолклористи од повеќе држави а ние најмногу се дружевме со фолклористите од Алжир и Кина, рече Ристе Ѓорѓијев, кореограф на ФА „Кочани“.

Благодарение на упорноста и ентузијазмот на кореографите кои што работат со фолклорисите Ристе Ѓорѓијев и Ана Николова, како и благодарение на трудот на играорците, ФА „Кочани“ е вистински репрезент на македонската музика и оро надвор од државата, а постојано се во активност и на изучување на нови ора. Во моментов во подготовка е сценска адаптација од традиционални игри од Егејска Македонија, но кореографите се доста иновативни и креативни и во делот на воведување на нова кореографија, нови ора но и нови носии кои потекнуваат од различни краеви од државата.

Инаку, во ФА „Кочани“ функционираат повеќе групи во зависност од возраста на фолклористите, а доста интересна и активна е возрасната група играорци кои постојано изучуваат нови ора и кореографии, а реализираат и турнеи во земјава и странство.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

16°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 94%
Ветер: South при 4 kmh
Недела17°C/31°C
Понеделник16°C/31°C
Вторник16°C/31°C
Среда17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 72 гости и нема членови


web counter



qr code