Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ivan milosov filharmonija05.06.2018  10-годишниот Иван Милосов, учени кво ОМУ „Ристо Јуруков“ деновиве имаше соло настап на виолина заедно со оркестарот на Македонската филхармонија во Скопје.

Во рамки на редовната програма на Филхармонијата, под назив „Младите доаѓаат“, тој свиреше рамо до рамо со далеку постарите и поискусни музичари, што е големо признание и за него и за неговите наставници. Истовремено е и признание и за нашата образовна институција, со оглед што во нејзиниот историјат не се случило ученик на таа возраст да настапува на толку високо ниво.

- Јас на 10 години имав деби и учествував како солист на Македонската филхармонија во Скопје. Го свирев концертот од Аколаи, прв став, рече Иван Милосов, ученик во ОМУ „Ристо Јуруков“.

Милосов е ученик во класата на професорот Петар Поповски, кој го истакнува талентот на неговиот ученик, но и потребата од постојано вежбање.

- Како професор лично, е големо достигнување и круна на макотрпната работа што ја имаме со учениците во ОМУ „Ристо Јуруков“. Ова е своевиден поттик и за другите ученици, значи 90 отсто е работа, а 10 отсто е талент, наша работа е да го препознаеме и да го обликуваме талентот и понатаму останува на учениците да се покажат во најдобро светло, рече Петар Поповски, професор по виолина во ОМУ „Ристо Јуруков“.

Постигнувањата на Милосов се резултат и на поддршката што тој ја добива од училиштето, но секако и од семејството.

- Во принцип Иван е дете кое и да има трема не ја покажува, за него тоа е одлично, мислам дека 15 минути пред да тргнеме на настапот беше свесен дека всушност е место и време кога треба да настапува. Покажа за првпат трема, меѓутоа со помош на неговиот наставник Петар Поповски, а и под менторство на Ана Кондратенко успеа да ја совлада тремата и ја имавме таа чест како најмал и најмлад учесник да ја отвори сцената и да настапи прв, рече Мимица Милосова, мајка на Иван.

Дека времето на младите музички таленти допрва доаѓа потврда е настапот токму на Милосов со Македонската филхармонија. Од него и од неговите училишни другари од ОМУ „Ристо Јуруков“ јавноста во Кочани и пошироко очекува нови успеси и настапи на важни манифестации и со големи оркестри.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

13°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: Variable при 4 kmh
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/23°C
Вторник13°C/24°C
Среда13°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 95 гости и нема членови


web counter



qr code