X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

most zrnovci zbogar06.06.2018  ЕУ амбасадорот Самуел Жбогар и претставничката на УНДП, Луиза Винтон присуствуваа на повторното пуштање во употреба на реконстриураниот мост на реката Брегалница во општина Зрновци.

На средбата со градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков тие беа информирани дека 86-метарскиот мост, што беше сериозно оштетен во поплавите од пред три години, сега е целосно реконструиран. Притоа, 800 илјади евра беа обезбедeни преку Програмата на ЕУ за санирање на штетите од поплавите што ја имплементираше УНДП.

- Мостовите се многу важни за инфраструктурата, многу важни затоа што ги поврзуваат луѓето, децата, обезбедуваат пристап до училиште, до работа, до медицинска помош, така што мостовите навистина ги поврзуваат луѓето. Морам да кажам дека ова претставува огромно задоволство, имајќи предвид дека нашата помош, финансиската помош на ЕУ е многу корисна и таа им помага на самите луѓе. Со овој проект, со изградбата на самиот мост сме помогнале во иднина тој да биде поиздржлив на идни можни штети или други можни природни катастрофи како што се поплавите, рече Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ во Македонија.

Претставничката на УНДП рече дека инвестирањето во превенцијата секогаш е подобро и поевтино, отколку реконструкцијата после поплава или друга временска катастрофа. Сепак, во овој случај морало да се реагира откако мостот беше погоден од поплавата.

- Нашиот принцип е да изградиме подобра инфрастурктура, поради тоа сметаме дека она што е изградено и што е реконструирано, всушност е инвестиција во идната превенција. во идната превенција. Светските искуства покажуваат дека секоја инвестиција во превенција е далеку поевтина отколку справувањето со последиците после катастрнашите приоритети во државата, посебно сме благодарни на ЕУ што финансираше дел од овие напори, исто така сме благодарни на соработката што ја имаме со Општината, со локалното население и благодариме на трпението и поддршката што ја имаа за време на реализацијата на овој проект, рече Луиза Винтон, претставничка на УНДП.

Градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков се заблагодари на поддршката за реконструкција на мостот, за што жителите биле трпеливи, но тоа им се исплатело затоа што поврзаноста со Кочани и соседните општини повторно е воспоставена.

- Ние во изминатите години реализиравме голем број проекти со средства што потекнуваат од европските фондови, меѓутоа најдраг проект ни е секако изградбата на мостот, бидејќи мостот е за сите, подеднакво го користат сите граѓани и сите се благодарни, рече Блаже Станков, градоначалник на Општина Зрновци.

Освен мостот во Зрновци, преку Програмата на ЕУ за санација на штетите од поплавите во 2015 година беа реконструирани и други објекти во државата, меѓу кои мостови во Делчево и Свети Николе, пропуст кај Чешиново-Облешево, стабилизирано е свлечиштето кај Пробиштип и обновени се патишта во општините Могила, Новаци и Конче.

Во рамки на престојот во општина Зрновци, ЕУ амбасадорот Жбогар и претставничката на УНДП, Винтон ја посетија новоизградената градинка “Бисерчиња“ чие предавање во употреба се очекува до крајот на овој месец.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Недела-1°C/6°C
Понеделник1°C/4°C
Вторник-2°C/4°C
Среда-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 100 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click