Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

orizarski kup logo06.06.2018  На фудбалскиот терен покрај реката Масалница кај Оризари в сабота и недела ќе се одржи третиот фудбалски турнир за деца од 9 до 13-годишна возраст, а на кој ќе учествуваат над 1.000 дечиња во 5 различни категории.

Носител и организатор на турнирот е фудбалската академија “Младост Тошев“ од Оризари чија цел е развој и унапредување на спортот меѓу најмладите, како и јакнење на дружењето и пријателството. Според најавите од организаторот, учесници на третиот “Оризарски куп“ ќе бидат вкупно 48 екипи од Македонија, Србија и Бугарија.

Со оглед на бројноста на екипите и фудбалерите, “Оризарски куп“ прераснува во најголем фудбалски турнир во Македонија за младинските категории, а тенденција е да се вброи и меѓу најголемите на Балканот.

Организаторот, Академијата „Младост Тошев“ ќе додели награди и признанија за најдобрите, при што предвидени се пехари и медали за најдобрите три екипи во секоја возрасна категорија, а пехари за четвртопласираните екипи. Допломи и признанија ќе има и во поединечна категорија, при што ќе бидат прогласени најбар играч и најдобар голман за генерациите фудбалери родени од 2005 до 2009 година.

Натпреварите започнуваат в сабота, 9 јуни од 9 часот, а финалните средби најдобро пласираните ќе ги играат в недела после 16 часот.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

16°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 94%
Ветер: South при 4 kmh
Недела17°C/31°C
Понеделник16°C/31°C
Вторник16°C/31°C
Среда17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 76 гости и нема членови


web counter



qr code