X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

patronat omu201806.06.2018  Заврши уште една учебна година со исклучително добри резултати на кои се горди наставниците на ОМУ „Ристо Јуруков“, кои што заедно со учениците го одбележаа патрониот празник на училиштето.

Од образовен аспект, училиштето годинава од интегралната евалуација доби висока оценка. Паралено со реализирањето на образовно - воспитните цели е и реализацијата на концертната дејност.

И годинава има 30-тина ученици кои што се вратија со награди од државни и меѓународни натпревари што е гордост не само за училиштето туку и за општината, рече пред присутните директорката на училиштето Елизабета Ѓорѓиева, која што посебно го издвои настапот на талентираниот ученик Иван Милосов кој што настапи со оркестарот на Македонската Филхармонија, а тоа е настан што се случува за прв пат во историјата на постоењето на училиштето и на кого му беше врачена диплома за истакнат ученик во оваа учебна година.

Сара Стојилкова пак од класата по пијано на наставник Оливер Стоименов која што сите овие години е континуирано одлична ученичка, добитник на државни и меѓународни награди и постојано присутна на музичката сцена, беше прогласена за ученик на генерацијата.

Ѓорѓиева на крајот им се заблагодари на сите ученици, родители и наставници кои вложуваат голем труд и посебна посветеност во својата работа и им посака уште многу успеси понатаму.

На свечената академија сите присутни имаа можност да уживаат во концертот на хоровите и училишниот оркестар кој што покрај ученици и наставници е составен и од граѓани кои што се занимаават со други професии а на кои музичкото училиште им останува траен соработник.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Ледне куглице
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 20 kmh
Понеделник1°C/4°C
Вторник-3°C/3°C
Среда-5°C/3°C
Четврток-1°C/5°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 87 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click