Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kocani panorama07.06.2018  Општина Кочани подготвила пет проекти со кои аплицира за добивање пари од Програмата за Прекугранична соработка со соседна Бугарија.

Вкупната сума што се бара со проектите изнесува околу два милиони евра, од кои половина се за нашата општина, а остатокот е за бугарската страна.

За два проекти, за кои се конкурира преку Центарот за развој на Источниот плански регион, носител е Локалната самоуправа и тие се однесуваат на комунално и инфраструктурно уредување на централното градско подрачје.

Едниот од проектите, што е заеднички со бугарската општина Рила, е за парковско уредување на околината на Споменикот на слободата на ридот Лукубија, со вкупна површина од 130 илјади метри квадратни. Со оглед што во градот нема поголема парковска површина, намерата е да се оплемени просторот и да се поправат оштетувањата на споменичниот комплекс. Заедно со општината Разлог пак, се аплицира за финансиска подршка за доизградба на кејски ѕидови на коритото на Кочанска Река, од последниот сообраќаен мост на северниот дел од градот до локалитетот Бавчалук, со што ќе се регулира текот на реката.

Покрај овие проекти, поднесена е апликација за целосна реконструкција на Мултикултурниот центар, односно на зградата на поранешниот Работнички универзитет „Ленин“, за што заеднички ќе се бараат пари со општината Гоце Делчев од Бугарија, а кочанското ОУ „Св. Кирил и Методиј“ со партнерско училиште од истата општина е носител на проект за подобрување на енергетската ефикасност.

Комуналното претпријатие „Водовод“ е носител на партнерски проект за набавка на превентивен систем, т.н. дојавувач на пожари, што досега во Македонија практично и го нема, така што општина Кочани ќе биде пионер во оваа област.

Кои од овие проекти ќе добијат финансиска поддршка преку Прогарамата за прекугранична соработка допрва ќе се одлучува, а доколку барем два од нив влезат во фаза на реализација тогаш од Европските фондови ќе се добијат средства од околу половина милион евра.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

13°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: Variable при 4 kmh
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/23°C
Вторник13°C/24°C
Среда13°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 78 гости и нема членови


web counter



qr code