Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

upisi sredno201807.06.2018  Голем избор на профили во 3 струки, практична настава во склоп на училиштето и избор помеѓу две, три и четири годишно образование и годинава нуди СОУ „Гошо Викентиев“ за упис на ученици во средно образование.

И годинава ова училиште има место за 442 ученици распоредени во 12 паралелки.

-Имаме три струки електротехничка, машинска и сообраќајна. Од електротехничката струка во четиригодишното образование се профилите Електротехничар за компјутерска техника и автоматика електротехничар за електроника и телекомуникации и Електротехничар енергетичар. Од тригодишното образование од оваа струка се профилите Електромеханичар, Автоелектроничар и Автоелектричар. Од двегодишното образование од оваа струка е профилот Автоелектричар. Од машинската струка се профилите од четири годишното образование Машински техничар, Машинско енергетски техничар и Техничар за компјутерско управување. Од тригодишното образование од оваа струка се Автомеханичар и Инсталатер на цевкини водоводи, заварувач, обработувач на метал. Од сообраќајната струка имаме само еден профил а тоа е Техничар за транспорт и шпедиција од четиригодишното образование, рече Елизабета Минова, училишен педагог.

Од училиштето потенцираат дека потребни документи за запишување се пријава за запишување која што ученикот ја подигнува од училиштето, оригинални свидетелства од 6 до 9 одделение, дипломи од освоени први, втори и трети места од меѓународни и републички натпревари од мајчин и странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката однонсо изборното подрачје и извод од матичната книга на родените (без одглед на датумот на издавањето).

Првото пријавување и запишување е на 18 и 19 јуни 2018 година, а ранг листите со резултатите и слободните места ќе бидат објавени на 20 јуни. Второто пријавување од првиот уписен рок е на 28 јуни а резултатите и слободните места ќе бидат објавени на 29 јуни. Пријавувањето и запишувањето во августовскиот уписен рок ќе биде на 23 август а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 24 август.

Критериуми за избор се средниот успех на ученикот од 6 до 9 одделение, како и средниот успех постигнат по четири предмети (мајчин и странски јазик и два предмети што се од зачење за струката), средна вредност од поени за поведение, како и дипломи од освоени места на државни и меѓународни натпревари.

Т. Велкова

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

30°C

Кочани

Грмотевици
Влажност на воздухот: 35%
Ветер: North при 17 kmh
Понеделник17°C/31°C
Вторник17°C/32°C
Среда17°C/32°C
Четврток17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 150 гости и нема членови


web counter



qr code