Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

promocija najcitan roman201707.06.2018  Во просториите на Библиотеката „Искра“ беше промовиран романот на годината, „Одбројување“ од Фросина Пармаковска. Ова е нејзин трет роман.

-Во трите романи инспирацијата ми е самиот лик. Значи го одбирам ликот и пишувам за него и ми доаѓа инспирација и мотив за пишување, рече Фросина Пармаковска, автор на романот.

За роман на годината Пармаковска конкурирала и со нејзиниот втор роман кој што влегол во финале, но ете третиот „Одбројување“ бил избран за роман на годината, за што вели дека е голема радост бидејќи со тоа делото добива популарност кај читателската публика, а тоа најмногу му значи на секој писател.

Делото го промовираше Ѓоко Здравевски, извадоци од романот читаше Мери Каровска, а за Фондацијата „Славко Јаневски“ зборуваше Звездан Георгиевски.

-Наградата „Роман на годината“ се доделува по 19. пат. Досега ја доделуваше Утрински весник кој неодамна за жал згасна, но една екипа ветерани од тој весник сфатија дека со згаснувањето на весникот ќе згасне и една убава традиција на доделување на наградата, па затоа решивме да направиме фондација која ќе ја продолжи наградата.   Сега сакаме романот на годината да биде промовиран во повеќе градови од државата, рече Звездан Георгиевски, Фондација „Славко Јаневски“.

На промоцијата за муичкиот дел се погрижија ученици од ОМУ „Ристо Јуруков“ кои свиреа неколку композиции, а љубителите на пишаниот збор можеа да се снабдат со примероци од романот. Настанот беше во организација на Општина Кочани, Библиотеката „Искра“ и Фондацијата „Славко Јаневски“.

Т. Велкова

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: NE при 2 kmh
Петок3°C/7°C
Сабота4°C/10°C
Недела-1°C/6°C
Понеделник2°C/7°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 69 гости и нема членови


web counter



qr code