Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

precistitelna stanica2208.06.2018  Изградбата на станицата за пречистување на отпадните води кај селото Мојанци тече според предвидената динамика и повеќе од сигурно е дека ќе се испочитуваат договорените рокови.

Таква е оценката на претставниците од швајцарскиот Државен секретаријат за економски прашања - СЕКО, кои финансиски ја помагаат инвестицијата, а чии претставници, заедно со градоначалникот на Кочани и неговите сорабтоници, ја посетија локацијата каде што се градат објектите.

- Се очекува пречистителната станица да биде готова до крајот на оваа година, што значи дека се наближуваме кон самиот крај. Уште една компонента што не се гледа е колекторот што треба да ги пренесе отпадните води од Кочани до самата пречистителна станица, што е еден друг вид конструкција и градежните работи течат, но се работи за критична фаза, бидејќи без функционален колектор не би имало довод на отпадна вода, а со тоа ќе нема ни пречистување, рече Клиф Хамер, советник во Швајцарскиот државен секретаријат - СЕКО.

Пречистителната станица се гради на најниската гравитациска точка на вливот на Оризарска Река во Брегалница и ќе ја прочистува фекалната вода од девет испусти од Кочани што ќе бидат собрани во главен колектор.

- Она што во моментот ни прави проблеми е колекторот и најверојатно тука ќе доцниме. Проблемите се поголеми бидејќи оризот е во вегетација, а сакаме штетите да бидат што е можно помали. Има и други проектантски проблеми што проектантот не ги предвидел и што ќе бидат тема на разговор на состанокот. Како што реков, очекувам градбата да заврши во предвидениот рок, можеби и нешто пред предвиденото кај пречистителната станица, а проблемите со доводот на отпадните води, како што рече и консултантот, ќе ни зададат проблеми, но овде сме, да разговараме и да изнајдеме соодветно решение, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Целиот комплекс ќе биде опремен со најсовремена технологија за пречистување на отпадни води, со мала површина и минимални трошоци за експлоатација и одржување. Заради заштеда и непречено снабдување со електрична енергија се предвидува да се изгради и фотоволтаична централа.

Во пречистителната станица кај Мојанци ќе бидат третирани отпадните води од Кочани и од околните рамничарски села, со капацитет од 58 илјади еквивалент жители. За нејзината изградба швајцарската Агенција за развој и соработка – СЕКО, обезбеди грант од 21 милион швајцарски франци, а околу 2 милиони евра се од буџетот на Република Македонија.

Т. Ајтовски

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: NE при 2 kmh
Петок3°C/7°C
Сабота4°C/10°C
Недела-1°C/6°C
Понеделник2°C/7°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 113 гости и нема членови


web counter



qr code